Скелет на диносаурус, стар 66 милиони години, ќе биде понуден на аукција - Канал 5

Скелет на диносаурус, стар 66 милиони години, ќе биде понуден на аукција

Скелет од трицератопс, кој со децении се наоѓал во музеј во американската држава Вајоминг, сега е ставен на аукција.

Скелет на диносаурус, стар 66 милиони години, ќе биде понуден на аукција

Скелет од трицератопс, кој со децении се наоѓал во музеј во американската држава Вајоминг, сега е ставен на аукција, што е ретка можност фосил од музејски диносаурус да се најде на продажба во време кога побарувачката за овие праисториски џинови е на рекордно високо ниво, објави денес АП.

Фосилот, наречен „Треј“, ќе биде понуден од 17 до 31 март на онлајн платформа за аукции од Јупитер, основана од уметникот и продуцент добитник на Греми, Фарел Вилијамс.

Се проценува дека фосилот ќе се продаде за цена помеѓу 4,5 и 5,5 милиони долари.

Фосилот стар 66 милиони години, кој беше пронајден во близина на Лас Вегас, Вајоминг, во 1993 година, е долг 17 стапки (5,3 метри) и беше изложен во 1995 година на големото отворање на Центарот за диносауруси Термополис во Вајоминг, каде што ќе остане до 2023 година. Фосилот потоа беше продаден во приватна трансакција и сега е во Сингапур, соопшти аукциската куќа.

„Треј има овој културен аспект што многу фосили што се продаваат на аукции денес едноставно го немаат“, рече палеонтологот Андре Лухан, кој соработуваше со Јупитер за да го подготви фосилот за аукцијата.

Лухан објасни дека фосилот од диносаурус е поврзан со луѓето и несомнено инспирирал некои деца што го виделе во музејот да продолжат со кариера во палеонтологијата.

Фосилите од диносауруси, некогаш резервирани само за музеите и универзитетите, стануваат сè попопуларни инвестиции - остатоците од стегосаурусот „Апекс“ се продадени за 44,6 милиони долари на аукција во 2024 година, со што го срушија претходниот рекорд од 31,8 милиони долари платени во 2020 година за скелет на Тираносаурус рекс со прекар „Карпата“, објави АП.

Кејтлин Донован, раководител на продажба во Јупитер, рече дека порастот на интересот одразува поместување од традиционалните категории како сликите на старите мајстори кон предмети со „културна резонанца“.

„Диносаурусите отсекогаш ја освојувале нашата имагинација, а луѓето сега почнуваат да ја гледаат вредноста на инвестирањето во нив“, рече Лухан.

Сепак, трендот ги загрижи некои палеонтолози кои се плашат дека важни примероци би можеле да исчезнат во приватни колекции, лишувајќи ги научниците од можности за истражување.

„Доколку фосилот заврши во приватна колекција без загарантиран траен пристап, податоците за него во суштина би биле изгубени за науката“, рече експертот Кари Роџерс. Лухан рече дека се надева дека по аукцијата, „Треј“ ќе заврши во музеј, како што беше случајот со „Апекс“, кој сега е изложен во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, откако неговиот купувач склучи договор за долгорочен заем, дозволувајќи им на научниците да го проучуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Премиерот Мицкоски ги брани измените на Законот за јавни набавки кои Собранието ги донесе вчера.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Тој тврди дека адвокатски друштва и компании свесно се договарале да пропаѓаат јавни набавки за потоа да заработуваат од жалбените постапки, па затоа, според него е оправдано двојното зголемување на прагот за набавки без тендер, т.н. во „четири очи“, од 5.000 на 10.000 евра или од 10 на 20, со цел, како што рече, да се избегне ситуација да се плаќа повеќе на тие што свесно ги туркаат јавните набавки или уценуваат.

Премиерот ги отфрли предупредувањата дека повисокиот праг може да овозможи однапред договорени набавки и злоупотреби при изборот на понудувачите. Тој уверуваше дека законските процедури и контролата не дозволуваат такво сценарио, додавајќи дека за измените биле консултирани со меѓународната заедница.

-Со овој закон ние го зголемуваме тој праг за да не ни се случи како што досега ни се случуваше свесно овие групи да ги манипулираат процедурите за да наплаќаат од државата и институциите. Пример еден, имате градинка којашто објавува тендер за да се сервисираат прозорите. Тоа е 50.000 денари. Некој свесно го турка тој тендер, а наплаќа многу повеќе од тие 50.000 денари во процедура. Е тоа не може веќе да се случува. Или, пак, ако сака, наместо досегашните 100 евра за жалба ќе си плати многу повеќе, па да го видам тогаш нека обжалува, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, предупредуваат дека со овие измени власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама на себе си овозможува набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Со овој закон, велат од „Бихаќка“, многукратно поскапуваат надоместоците за поднесување жалби, а наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна.

- Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи, реагираат од СДСМ.

Пратениците вчера со 63 гласа „за“ и 20 „против“ ги усвоија измените на Законот за јавните набавки. Со усвоениот текст прагот за набавки без тендер се зголемува двојно, а се воведува и надоместок за пристап и користење на податоците за јавните набавки. Претходно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова стави вето на законските измени, но само поради можноста за неограничен мандат на членовите на комисијата за јавни набавки. Мицкоски денеска кажа дека Владата направила грешка за овој член, а како причина го наведе недостигот од експерти во оваа област.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Поранешниот професионален боксер Мајк Тајсот се пошегува со помош на вештачка интелигенција.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор.

Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем.

-Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија

Токму измените од 2023 година предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки.

Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети.

Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување.

-Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија

Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер