Шоу бизСкарлет Јохансон искрено за Холивуд: „Тоа е еден облик на искористување“Без премногу помпа, Скарлет Јохансон стана една од најинтересните актерки на денешницата. Иако често се вели дека актерите кои влегуваат во универзумот на Марвел автоматски го губат својот уметнички кредибилитет, нејзиниот пример го покажува спротивното - улогата на Црната вдовица само ја нагласи нејзината разноликост и храброст. Колку актерки би можеле да снимат филмови како „Шептач на коњи“, „Вики Кристина Барселона“, „Одмаздници“, „Приказна за бракот“ и „Под кожа“? Почеток на кариерата: Талент препознаен во детството Скарлет своето филмско деби го имаше како дете. Таа ја играше ќерката на Шон Конери во трилерот од 1995 година „Само причина“ (“Just Cause”), а една година подоцна ја доби својата прва главна улога во независниот филм „Мени и Ло“, кој првпат го привлече вниманието на режисерката Софија Копола. Таа уште поголемо внимание привлече со својата споредна улога во „Шептач на коњи“ на Роберт Редфорд, но вистинска ѕвезда стана дури со нејзината улога во „Изгубени во преводот“, каде што се истакна како млада жена изгубена во Токио. Тоа беше нејзиниот премин од детските улоги во светот на возрасните. Оваа улога го означи почетокот на едно ново поглавје, но и почетокот на периодот во кој индустријата почнува повеќе да го форсира нејзиниот изглед отколку талентот. Таа самата призна колку ѝ било тешко кога одеднаш се нашла во фокусот на машките погледи - повеќе поради нејзиниот изглед отколку поради актерскиот талент. Во интервју за Vanity Fair во 2025 година, таа отворено зборуваше за чувството на непријатност и еден вид експлоатација во текот на тие години. „Возбудливо е кога во младоста ќе почнете да откривате кои сте и да се изразувате преку вашиот изглед и однесување, а потоа си мислите: „Чекај, дали сега сум нечиј објект на страст?““, изјави тогаш таа. „Не сакам да кажам дека бев искористувана, затоа што тоа е тежок збор... но, да, имаше нешто слично.“ Mарвел како неочекувано ослободување Додека многу нејзини колеги во „Marvel“ се соочија со критики поради продажба на својата „уметничка душа“, Јохансон излезе од франшизата посилна и послободна од кога било. Таа самата вели дека „Марвел“ ѝ помогнал да се извлече од калапот во кој се нашла - и токму по тоа следеле најинтересните проекти во нејзината кариера. Експерименталниот филм „Под кожа“, мрачно хумористичната сатира „Здраво, Цезар!“ на браќата Коен, брилијантниот „Зајакот Џоџо“ на Таика Ваитити и препознатливиот „Град на астероиди“ на Вес Андерсон го покажаа нејзиниот вистински опсег и храброста при изборот на улоги. Иако многу актерки со годините исчезнуваат од големите екрани - без оглед на нивниот изглед или талент - Јохансон успеа да го избегне тој сценарио. Таа ги прифати блокбастер филмовите, но истовремено бара и потешки и подлабоки улоги. Во последно време, таа сè почесто се споменува како режисерка, а критиките за нејзината работа зад камерата се одлични. Можеби ова е следното поглавје во кариерата на жената која никогаш не се согласуваше да биде предвидлива.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter