Скандалозно: Албанската фудбалска химна за ЕУРО 2024 го присвои Скопје за албански град

Нов скандал од нашиот западен сосед Албанија, кога е во прашање фудбалот и ЕУРО 2024.  Во албанската химна за ЕП 2024 за Скопје се пее како за – албански град

Во во официјалната фудбалската химна на Албанија за фудбалсот еврошампионат, Скопје заедно со Тирана и Приштина е преставен како албански град?

Во песната се зборува за убавините на Албанија, но случајно или не, во контекст на ова се скандалозно се споменуваат и градови кои им припаѓаат на други држави.

Како што е се Скопје и Приштина кои се главни градови на Македонија и Косово.

На ваквите националистички и иредентистички поставки кои не се познати во модерниот свет се уште нема никакви реакции од нашите надлежни институции како што се Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за надворешни работи.

Одеса нападната со балистички ракети

Претпладнево силни експлозии одекнаа во Одеса. Украинскиот црноморски град е нападнат со балистички ракети, објавија локалните медиуми на апликацијата Телеграм.

„Сите жители на Одеса треба да се засолнат на безбедни места. Побарајте го најблиското засолниште во градот на интерактивната мапа 'Засолниште/засолниште за бомби'“, повика градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.

Пријавено е и присуство на разузнавачки дрон кој се уште не е уништен. Можни се повторени лансирања на ракети, предупредуваат властите.

Локалните власти ги повикаа сите жители на Одеса и да останат во засолништата.

Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни

Со средби со членовите во Центар, Карпош и Кисела вода продолжија теренските активности на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. 

Членовите отворено зборуваат за состојбите, незадоволството и даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Најмногу ги интересира кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.

“Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување.Никој не треба да се „вознемирува“ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред,“ рече Деспотовски.

Членовите во Карпош и Кисела Вода отворено зборуваа за потребата од расчистување со досегашната кадровска политика, изгубената комуникација на општинските и месните организации со партискиот врв и потребата од обединување.„Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години,“ порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“.

Како следни чекори Деспотовски појасни дека програмата Нов почеток, Нов СДСМ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати за функции, финансиска

независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.

“Оваа програма и предвидените промени по 30.06 ќе бидат интегрирани во идниот Статут на партијата за да не останат само убави желби на хартија. Според планот на активности до крај на летото веќе ќе треба да ги избереме сите нови општински раководства и делегати и потоа да свикаме Конгрес на кој ќе се изгласа новиот Статут,“ појасни Деспотовски.

Канцеларија за Косово и Метохија : Скандалозна пресуда против четворица Срби

Скандалозна пресуда против четворица Срби за убиството на Оливер Ивановиќ.

Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада соопшти дека денешната скандалозна пресуда против четворицата Срби, кои судството на Курти на секој можен начин се обидува да ги поврзе со убиството на Оливер Ивановиќ, е политички мотивирана и инструирана со цел дополнително да го криминализира српскиот народ на Косово, а се со цел Приштина да ја сокрие вистинската заднина и сторителите на ова мачно убиство.

Канцеларијата наведе дека пресудата е донесена без конкретни докази, под силен политички и медиумски притисок од Приштина, додавајќи дека таа е темпирана токму на Видовден за Приштина да создаде ново шоу за јавноста и повторно да ги нападне Србите.

Канцеларијата посочува дека Србите биле осудени уште пред самиот судски процес, како и дека обвинението три пати било менувано во текот на самото судење.

„Зошто беше изречена пресудата на Видовден, најголемиот празник на српскиот народ на Косово, ако не за Приштина да создаде ново шоу за јавноста и повторно да ги нападне Србите? Одамна е познато дека за Србите во Косово нема ниту права, ниту правда, и дека за нив важи нардоната „кадија и ги тужи и ги суди“, што покажува и денешната пресуда“, се наведува во соопштението.

И покрај се, додаваат оттаму, ќе продолжиме да се бориме за откривање на вистината за убиството на Оливер Ивановиќ и никогаш нема да ги прифатиме монтираните судења на Курти, политичките пресуди и криминализацијата на Србите, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада.

притисни ентер