Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
КошаркаСкандалозни снимки од НБА ѕвезда: Пиштол, стриптизета и купишта пари на подот (ВИДЕО)Џа Морант има 23 години, во првите три НБА сезони два пати беше Ол-стар, беше избран за дебитант на годината, а лани и играч кој најмногу напредуваше.Сезонава тој е деветти водечки стрелец во лигата со просек од 27,1 поен, а неговиот Мемфис Гризлис го држи третото место во Западната конференција и има високи амбиции пред плеј-офот. Морант е најголемата млада суперѕвезда на Америка во НБА, кој би можел да стане нејзино лице по претстојното пензионирање на Леброн Џејмс. Самоуверен, физички моќен, привлечен како играч, провокативен во интервјуата, делуваше како ѕвезда која НБА може само да ја посака. Сепак, продолжувањето на неговата нагорна траекторија сега е доведено во прашање, не поради некој кошаркарски фактор, туку поради однесувањето на Морант надвор од теренот. Тој изминатиот викенд го поминал во ноќен клуб и се јави во живо на Инстаграм, а во еден момент и покажа пиштол на камерата. Тоа само по себе не е спротивно на законот, но проблемот е што во тоа време Гризлис биле на патување, а видеото е направено помеѓу натпреварите во Денвер и Лос Анџелес против Клиперс. Ако навистина се работи за пиштол во сопственост на Морант, тоа значи дека играчот носел оружје и во клупскиот авион, што е строго забрането според правилата на НБА. ESE ES JA MORANT? NAAA Si ya lo amaba antes, ahora es mi ídolo. https://t.co/BEJ7w78Erp — TAKATAKA⭐️⭐️⭐️ (@Tron23Verg4) March 12, 2023 Во меѓувреме се дозна дека видеото е креирано во стриптиз-клубот Shotgun Willie's во Денвер, а Гризлис привремено го отстраниле Морант од тимот и сега тој не се појавил на четири натпревари по ред. Додека трае истрагата, се појавија нови детали за неговиот разврат. Новите фотографии објавени од „Њујорк пост“ го прикажуваат Морант со жена облечена во танга како му седи во скутот во салонот, а целиот под е покриен со кеш. „Целата соба е полна со пари, буквално беше полна. Ќе ви треба гребло за да ја исчистите“, рекол член на клубот кој бил сведок на забавата на Морант. Морант, кој минатата година потпиша петгодишно продолжување на договорот во вредност од 231 милион долари со Гризлис, не штедел на бакшишот за стриптизерите, на кои потрошил најмалку 50.000 долари во текот на две ноќи. Еден сведок рече дека Морант пристигнал кај Shotgun Willie со пријател и двајца телохранители околу 1:30 часот по полноќ, само неколку часа откако Гризлис ги победиле Рокетс во Хјустон. Тој се прикраде во клубот веднаш откако тимскиот авион слета во Денвер, а мнозинската сопственичка на Shotgun Willie Дебора Дунафон потврди дека тој бил редовен клиент помеѓу 2 и 4 март. „Беше исклучително почитуван и сладок и не пиеше на втората посета. Имавме груби и одвратни играчи на Нагетс и Бронкос кои фрлаа девојки во собите. Тој не беше таков“, изјавила Дунафон за NY Post.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија отвора нова амбасада во ЛитванијаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.Тагови: Литванија МНР Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформиМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција. За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда. На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда. Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции. На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.Тагови: Министерство за правда Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook