Скандалозни предлози на екс премиерот Љубчо Георгиевски за решавање на споровите со Бугарија - Канал 5

Скандалозни предлози на екс премиерот Љубчо Георгиевски за решавање на споровите со Бугарија

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во моментов дел од владината коалиција како лидер на ВМРО Народна излезе со свое толкување на македонско – бугарскиот спор нудејќи решение преку 5 точки за како што пишува излез од ќорсокакот.

Скандалозни предлози на екс премиерот Љубчо Георгиевски за решавање на споровите со Бугарија

Во првата точка од предлогот за кој вели дека е од политичко – дипломатско карактер, Георгиевски предлага Македонија да даде гаранција дека нема никаква аспирација за Источна односно Пиринска Македонија. Потоа гаранција дека земјава со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија, а парламентот да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година.

ЧЕТВРТАТА точка на Георгиевски се однесува на мешовитата комисија за историски прашања и предлага бришење на содржини во учебниците за кои бугарската страна ќе оцени дека се навредливи, а нова комисија да работи на прогонот и убиствата на како што вели Македонци со бугарска национална свест.

Потоа предлог, македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важни личности. На пример дека Гоце, Даме ,Ѓорче и стотици други, КАКО ШТО ПИШУВА Георгиевски, биле учители на бугарската егзархија.

Предлозите на поранешниот премиер навлегуваат и во прашањата за јазикот. Па така Георгиевски сугерира Македонската страна да признае дека целата македонска преродба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти, но и дека официјално писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо што се лесно проверливи факти.

Последната точка од прелогот на Георгиевски се однесува на инфраструктурни прашања, повикувајќи ја Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници.

По скандалозниот предлог на Георгиевски побаравме одговор од владејачката СДСМ дали ставовите на коалициониот партнер се прифатливи за партијата. Оттаму велат дека се работи за лични ставови на Георгиевски со кои партијата нема допирни точки.

Од ВМРО ДПМНЕ пак ја повикаа власта да се огради предлозите на Георгиевски, а неговите ставови сметаат дека се на штета на државните интереси.

Осуда на предлог – точките на Георгиевски дојде и од дел од другите коалициони партнери во власта. Така Павле Трајанов од ДС повика на единственост околу националните прашања.

-Немаме заедничка историја со Бугарите. Ние овде сме опстојувале со векови, македонскиот јазик и секој друг јазик за да се етаблира потребни се илјадници години. Затоа сметам дека ставовите на Љубчо Георгиевски се пробугарски, анационални и против националните интереси на македонскиот народ и држава. Неговите ставови не кореспондираат со историските факти.

ЛДП и ДОМ се против мешање на политичарите во историските прашања.

Инаку, ставовите на Георгиевски се сосема спротивни и на изјавите на премиерот Заев дадени во изминатиот период за отворените прашања со официјална Софија.

Иако побаравме, не добивме став од Министерството за надворешни работи и актуелниот специјален претставник за преговорите со Софија, Владо Бучковски дали било кој од овие предлози на Георгиевски се нашле во некој момент од преговорите официјално на маса.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Европа: Дали Трамп ќе се согласи?

Американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф ќе се залагаат за директно учество на Европа во идните преговори за ставање крај на војната во Украина. 

Паника во Европа: Дали Трамп ќе се согласи?

Европските влади стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да попушти пред барањата на рускиот претседател Владимир Путин.

Според американски претставници, Кушнер и Виткоф ќе инсистираат на ова за време на првите трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, кои се одржуваат по февруари. Нивната цел е овогодинешниот состанок да биде последниот што се одржува без целосно европско учество, изјавија претставниците, како што пренесува порталот „Politico“ со седиште во Брисел.

„Ни треба Европа на преговарачката маса. Затоа, нашиот предлог е да ги вклучиме Европејците во дискусијата по оваа трилатерална конференција“, изјави еден од американските претставници.

Според нив, се очекува високи европски претставници да пристигнат во Абу Даби оваа недела, тие ќе бидат консултирани, но нема да учествуваат во главните преговори поради противењето на Русија.

Оваа група вклучува советници за безбедност од Обединетото Кралство, Германија и Франција, како и претставници од Италија, НАТО, Европската комисија и Европскиот совет.

Кој ќе ја претставува Европа?

Прашањето кој ќе ја претставува Европа во преговорите предизвика поделби меѓу европските влади, а лидерите на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на неформален самит во Даблин подоцна оваа недела. Американските претставници наведоа дека првиот ден од разговорите ќе биде посветен на безбедносните гаранции за Украина и потенцијалното преобликување на европската безбедносна архитектура, додека вториот ден ќе се фокусира на територијалните прашања и дефинирањето на границите.

Европските влади стравуваат дека Трамп би можел да се согласи со долгогодишните барања на рускиот претседател Владимир Путин за намалување на влијанието на НАТО во регионот.

Сепак, американските претставници инсистираат на тоа дека НАТО ќе остане централен елемент на колективната одбрана на Европа, притоа укажувајќи на потребата од преиспитување на односите на континентот со Русија.

Според американските претставници, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е интензивно вклучен во разговорите со американската администрација, вклучително и во размената на предлози за реформи. Во однос на прашањето за териториите окупирани од Русија, американски претставници посочија дека двете страни покажале „флексибилност“ во приватните разговори.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска остварив средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам

Денеска остварив средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам, објави на својот Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска остварив средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам

Денеска остварив средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од учење до подобро лидерство: Flex Group Leadership Academy успешно ја заврши обуката на 60 директори и менаџери

Што го прави еден менаџер добар лидер? 

Од учење до подобро лидерство: Flex Group Leadership Academy успешно ја заврши обуката на 60 директори и менаџери

Дали е тоа способноста да донесе вистинска одлука, да го мотивира тимот или да препознае потенцијал кај луѓето со кои работи? Одговорот најчесто е комбинација од сето ова, а токму на овие вештини беше посветена Flex Group Leadership Academy, која успешно го заокружи своето прво издание со доделување дипломи на учесниците.

Во текот на осуммесечната програма, приближно 60 директори и менаџери од компаниите во рамки на Flex Group поминаа низ осум едукативни модули, посветени на развој на лидерските и менаџерските компетенции, подобра комуникација, управување со тимови и градење култура на одговорност и резултати.

Академијата, иницирана од Секторот за човечки ресурси, беше замислена како простор во кој менаџерите ќе можат да излезат од секојдневната оперативна рутина, да разменат искуства и да работат на предизвиците со кои реално се соочуваат при водењето луѓе.

Во реализацијата на програмата учествуваа експерти од Prudens – организациски развој и лидерство, кои придонесоа во развојот на лидерските и организациските вештини. Посебен акцент беше ставен и на емоционалната интелигенција преку обуката „Емоционална писменост и коучинг вештини за лидери“, предводена од Верита Акташ од Veritas Coaching. Завршниот дел од Академијата беше посветен на градењето високоефикасни тимови, со Дарко Мирковиќ од Алтерна Србија, кој ја обработи темата како да се изградат врвни професионалци и тимови што постигнуваат резултати.

Она што ја направи Академијата особено значајна беше можноста наученото веднаш да се поврзе со реални ситуации од работното место. Учесниците не разговараа само за тоа како треба да изгледа доброто лидерство, туку и за тоа што можат да променат во сопствениот пристап кон своите тимови.

„Највредно ми беше што можев да слушнам како колегите од другите компании во Групацијата се справуваат со слични предизвици. Сфатив дека понекогаш мала промена во начинот на комуникација може да направи голема разлика во тимот“, споделува еден од учесниците, регионален менаџер во Flex Broker.

„Академијата ме потсети дека не е доволно само да поставиш цел и да очекуваш резултат. Важно е да разбереш што му е потребно на секој член од тимот за да го даде најдоброто од себе“, истакнува учесник од менаџерскиот тим на Flex Credit.

Со доделувањето на дипломите заврши првото издание на Flex Group Leadership Academy, но не и процесот на учење. За Групацијата, која ги обединува Flex Credit, продукт Zemi Pari на ФД Флекс кредит, Flex Broker, НАН и Flex Pay, вложувањето во развојот на менаџерите е истовремено вложување во луѓето што тие ги водат.

Бидејќи вистинската вредност на една лидерска академија не се мери само со бројот на завршени модули и доделени дипломи, туку со промените што ќе се почувствуваат во секојдневната работа на тимовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер