ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
2ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
1Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health
1Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
2Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health
ФудбалСкандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!На прашањето на новинарите дали ја има ситуацијата под контрола, Инфантино ладнокрвно рече: „Кулирајте, опуштете се... Работиме на сè и се обидуваме да ги решиме проблемите“.Додека светот ги одбројува последните часови пред стартот на Светскиот фудбалски шампионат , а американските власти спроведуваат ригорозни мерки и ги протеруваат од територијата на Соединетите Американски Држави новинарите, навивачите, па дури и судиите и самите учесници на Светското првенство, како што е селекцијата на Иран, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ја шокираше јавноста со својата изјава. На прашањето на новинарите дали ја има ситуацијата под контрола, Инфантино ладнокрвно рече: „Кулирајте, опуштете се... Работиме на сè и се обидуваме да ги решиме проблемите“. „Не живееме на Месечината“. Овој коментар предизвика лавина од негативни реакции, особено затоа што доаѓа во исклучително напната недела. Деновиве инаку најдобриот африкански судија, Омар Абдулкадир Артан, беше депортиран од аеродромот во Мајами поради наводни „врски со осомничени за тероризам“, додека иранската репрезентација беше итно префрлена во Мексико. На прашањето дали се чувствува засрамено од ваквите настани, претседателот на ФИФА се бранеше со дипломатски клишеа. „Кога велам опуштете се, не мислам да седиме со скрстени раце, туку да имаме верба во нашата работа зад сцената. Постојат работи на кои можеме да влијаеме, но и работи што се надвор од наша контрола. Се обидуваме да најдеме решенија - понекогаш успешно, понекогаш не. Само по себе го сметам за огромен успех што дури и го натеравме Иран да игра во Америка, не знам кој друг би можел да го направи тоа. Сите веруваме дека тоа е правилно, но ние не живееме на Месечината, ние живееме на Земјата и даваме се од себе. Се надевам на добри вести“, рече Инфантино на официјалната конференција.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички - повредено едно лицеЕдно лице е повредено и во пожар кој попладнево избувнал во штипско. Зафатени биле сува трева и грмушки, но и неколку викендички, а повредено лице е сопственик на една од викенд-куќите.Пожарот како што информираше директорот на дирекцијата за заштита и спасување во моментот е изгаснат и бил во непосредна близна на местото каде и вечра имаше огнена стихија. При гаснењето на огнената стихија интервенирал еден авион на дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари од околните општини и од доброволното противпожарно друштво во Штип. Агелов заедно со градоначалникот на Штип Иван Јорданов го посетиле повреденото лице, кое во моментот е во болница во штип со изгореници, но е во стабилна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврскаПратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДС македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа.Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт. Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДС. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање. Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни. Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања. Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешка сообраќајка кај Кавадарци – двајца загинати, еден тешко повреденТешка сообраќајна несреќа во која животото го загубија две лица се случила поладне на експерсниот пат Градско-Прилеп.Од МВР за канал 5 информираат дека сообраќајката се случила помеѓу две патнички возила после исклучокот за Кавадарци, а била пријавена во ОВР Кавадарци нешто по 13 часот и 30 минути. „Од екипа на итна медицинска помош кавадарци на местото била констатирана смрт кај возачот и сопатничка во едното возило, а во општа болница Кавадарци кај возачот од другото возило 37-годипен прилепчанец биле констатирани тешки телесни повреди. пренесен е во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје“, информират од МВР. Во моментот увид на местото врши јавен обвинител од ОВР Кавадарци. сообраќајот е во прекин и е пренасочен по регионалниот пат.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter