Скандалозна изјава на француски политичар: Хитлер не убивал доволно Роми! - Канал 5

Скандалозна изјава на француски политичар: Хитлер не убивал доволно Роми!

Заменик градоначалникот на Шоле, Жил Бурдулекс, направи забелешка која ја шокираше јавноста.

Скандалозна изјава на француски политичар: Хитлер не убивал доволно Роми!
Бурдулекс бил во посета на нелегален ромски камп во Шоле, и побарал од Ромите да се преселат, при што тие го поздравиле со поздравот на Хитлер.

Веројатно избервиран од ова Бурдулекс тивко изјавил - Значи , Хитлер не убил доволно ! Овие зборови ги снимил локален новинар.

Кога некој од Ромите што го слушнал коментарот и побарал објаснување Бурдулекс изјавил: Ме споредивте со Хитлер, мислите ли дека тоа е убаво?

Потоа францускиот политичар ги обвинил Ромите за инцест велејќи: Пред некој ден ме обвинија дека сум педофил, а половина од нивните деца им се од татковците и дедовците!

Фабиен Ледук, новинарот кој ги снимил овие изјави на Бурдулекс, побарал од лидерот на неговата партија тој да биде исклучен.

Бурдулекс најави тужба против новинарот и рече дека не изјавил така како што вели тој, туку рекол: Да беше Хитлер ќе ги убиеше сите!!!/ извор: Daily mail

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер