Скандалозна годишна програма во културата (ОБНОВЕНО)

Виган Максути од Тетово, кои во својата дискографија има песни за УЧК и Адем Јашари ќе добие 200 000 денари од министерството за култура. Првично објавената сума од 300 000 била превид, велат од министерството на прашање на Канал 5.

Во однос на тоа зашто државата финансира со 200 000 денари пејач кој опева личности од туѓа историја од министерството велат дека Адем Јашари бил командант на УЧК од Косово и дека тој не учествувал во конфликтот во Македонија. Од култура не гледале корелација помеѓу минатиот опус на изведувачот и поддршката на Министерството за култура во оваа година. Овој пејач од министерството ќе добие дополнителни 300 000 денари за солистички концерт.

За разлика од овој пејач, музичарот Дуке Бојаџиев кој ја претставува земјава ширум светот ќе добие само 200 000 денари . Помалку пари од тие за пејачот од Тетово ќе се потрошат за одржување на археолошкиот локалитет Хераклеа, кој за годишно одржување ќе добие само 200 000 денари.

Објавувањето на годишната програма на министерството за култура предизвика вистинска лавина реакции кај уметниците и на социјалните мрежи.

Први на удар освен министерот Алаѓозовсски се и уметникот Тони Васиќ, историчарката на уметност Ивана Васева и драматургот Сашо Кокаланов, кои се обвинуваат дека директно или индиректно ќе земат пари од државата, а токму тие биле членови на комисиите кои одлучуваа за проектите во годишната програма. Кокаланов реагираше на фејсбук, каде напиша дека е точно дека бил член на комисија, но дека пари ниту добил ниту ќе добиел.

Што се однесува во неговото учество во еден театарски проект кој добил средства, а токму Кокаланос се појавува како драматург, пишува дека парите ги добила продукцијата, а не тој, а потврдува и дека сега ќе се повлечел од целиот проект. Според тоа што е објавено на интернет-страницата на Министерството, предлозите во ликовната дејност, архитектура и дизајн ги разгледувала комисијата во состав: професорот Тони Васиќ – претседател и членовите Нада Пешева и Наиле Дормиши.

Васиќ добил пари, колку што побарал, односно 58 илјади денари, за проект во категоријата Меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО. Одговор за овие скандалозни случувања во министерството за култура и зашто министерот воопшто потпишал ваква програма се обидовме да добиеме ресорното министерство, но обидот помина безуспешно.

Дополнително ракции има и за изборот на проектите кој ќе бидат финансирани од државата следната година. Од театарот во Куманово се жалат дека повторно добиле премалку средства. За разлика од нив дете пеач од Тетово, пеејќи и за Адем Јашари и УЧК добива субвенција од Министерство за култура за концерт во вредност од односно 300 000 денари.

За разлика од 300 000 денари државни пари за овој пејач, музичарот Дуке Бојаџиев кој ја претставува земјава ширум светот ќе добие 100 000 денари помалце. Помалаку од пеачот од Тетово ќе добие и археолошкиот локалитет Хераклеа, кој за годишно одржување ќе добие само 200 000 денари.

Покрај годишната програма за министерството за култура Ракции предизвика и објавената стратегија на министертво за култура до 2020 година. Според професорката Груевска-Маџоска.

Во оваа стратегија ниту ед.аш не е спомнат македонскиот јазик, а и јавно побара од државата да објасни зашто се случува ова.


Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. 

Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Посочуваат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време. /МИА

Србија доби нова Влада, премиер Милош Вучевић, 31 министер и 26 министерства

Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.

Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од новите имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ.

Премиерот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница вчера најави дека владата ќе биде континуитет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александар Вучиќ. За Северна Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа.

Во новата влада Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ-министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар-министер за здравство, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа, Јелена Беговиќ-наука и иновации и Хусеин Мемиќ министер за туризам.

Милан Кркобабиќ е министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ е министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор. /МИА

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Иран воведе санкции за неколку американски и британски физички и правни лица поради нивната поддршка за Израел во војната против палестинската организација Хамас во Појасот Газа, јавија француските медиуми.

Во соопштение Исламската Република - жесток непријател на Израел – наведува дека воведува санкции за седум американски граѓани, вклучувајќи го генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции, и вицеадмиралот Бред Купер, поранешниот шеф на американската морнарица на Блискиот Исток.

Меѓу британските функционери и институции кои се санкционирани се министерот за одбрана Грант Шапс и Кралската морнарица во Црвеното Море.

Санкции се воведени и за американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“, како и за британските „Елбит системи“, „Паркер Мегит„ и „Рафаел УК“.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметките и трансакциите во финансискиот и банкарски систем на Иран, замрзнување на средства под јурисдикција на Исламската Република Иран и забрана за визи и влез на иранска територија“.

Меѓутоа, останува нејасно влијанието на овие мерки врз поединците или субјектите, како и какви било средства или трансакции со Иран, пренесуваат француските медиуми.

Иран не ја признава државата Израел и ја стави поддршката за палестинската кауза како камен-темелник на својата надворешна политика од Исламската револуција во 1979 година.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, која започна на 7 октомври со неиспровоциран напад на палестинското исламистичко движење „Хамас“ на израелска територија, мнофукратно се кренати тензиите меѓу Израел, од една страна, и Иран и неговите сојузници, особено либанскиот „Хезболах“, од друга.

Ситуацијата меѓу двете земји ескалираше на 13 април кога Иран започна невиден напад врз Израел користејќи 350 дронови и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и другите сојузнички земји.

Неколку дена подоцна, во друг напад, што му се припишува на Израел, беше погоден аеродромот во Исфахан, во централен Иран, но таму беше предизвикана само ограничена штета. /МИА

притисни ентер