3Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари
3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
Други спортовиСкандалозен плакат за женскиот светски куп во скијање Плакатот за светскиот женски скијачки куп што ќе се одржи во Австрија , ја разбранува тамошната јавност.На плакатот е прикажана гола скијачка , која меѓу нозете има месечина со очи што ја гледа и се смее. Ваквиот плакат во австриската јавност го нарече сексистички и навредлив за жените. Со овој плакат австрискиот ски центар Семеринг го најавува дводневниот светски скијачки куп во женска конкуренција што ќе се одржи во рамки на светскиот куп на 28 и 29 декември. Сликата ја изработи уметникот Кристијан Лудвиг Атерс , кој и претходно работел плакати за слични настани. Seit Jahren werden die Weltcuprennen am Semmering mit Varianten des „Mondlocken Slaloms“ von Attersee beworben. Endlich wird über das völlig deplatzierte sexistische Sujet, das noch dazu einen Anfängersturz darstellt, in einer breiteren Öffentlichkeit diskutiert. pic.twitter.com/F8S65Cbhaw — Nicola Werdenigg (@NicolaWerdenigg) December 15, 2018 Најверојатна причина за острите критики е новиот скандал за сексуални напади врз австриските скијачки , па дури и за силување , што се случувало во последните неколку децении, но дури сега се појавија обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште немаНеофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат. Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон? Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно? Пола Македонија е отруена. Седум градови и неколку села немаат вода за пиење. Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат. Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна. Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија. Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори. Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија. Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии. Затоа е многу сериозно. На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот. Здравјето на граѓаните - не. Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена. Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери. Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалРашфорд се прости од БарсаАнглискиот фудбалер Маркус Рашфорд се прости од Барселона, и по подолг период се враќа на Олд Трафорд, ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.28 годишниот Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона. Тој одигра 49 натпревари за каталонскиот клуб, при што постигна 14 гола и запиша 14 асистенции. Барселона одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на англискиот фудбалер. „Исклучително сум им благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој овде толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и ќе ги носам тие посебни спомени со себе. На клубот и на сите негови навивачи им посакувам многу среќа и успех во претстојната сезона“, објави Рашфорд на социјалните мрежи. Англичанецот сега ќе се обиде да избори место во тимот на Мајкл Керик, кој минатата сезона го освои третото место во Премиер лигата.Тагови: БАРСЕЛОНА Манчестер Јунајтед Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСвечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 годинаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава се обрати на свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година.Новата генерација полициски службеници треба ќе го зајакне безбедносниот систем и да ги унапреди полициските капацитети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter