Скандал во Задар: Пиеле, се снимале и глумеле доктори во шатор на ковид-болница (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во Задар: Пиеле, се снимале и глумеле доктори во шатор на ковид-болница (ВИДЕО)

Храватската полиција го истражува случајот со скандалозното однесување на тројца задарчани во шаторот на одделението за ковид во Задарската општа болница.

Скандал во Задар: Пиеле, се снимале и глумеле доктори во шатор на ковид-болница (ВИДЕО)

Според Index.hr, тие неодамна ја „презеле смената“ пијани во текот на ноќта и сето тоа го снимале на телефон.

Во шаторот на одделот за ковид, каде што се чека тест за корона, го ставиле пријателот на кревет и медицински го „лечеле“ со помош на медицински инструменти, пишува Задарски.хр.

Тврделе дека биле принудени да му пружат лекарска помош на пријателот, кој имал видлива рана на устата, бидејќи медицинскиот персонал „пиел кафе“.

Додека го „лечеле“ пријател, пиеле пиво од лименки и на еден од болничките компјутерски монитори го гледале натпреварот на Мирко Филиповиќ.

Набрзо интервенирала и полицијата, но епилогот од целата приказна засега не е познат бидејќи еден од учесниците во „шоуто“ е позитивно на коронавирус, поради што другите двајца се во изолација, па полицијата се уште не може да ги прегледа и санкционира.

„Добивме пријава и водиме кривична истрага во врска со утврдување на сите околности на овој настан“, соопштиле од задарската полиција.

Додека „ординирале“ во шаторот, младите рекле дека ја презеле задарската болница.

„Пет сабајле е. Ја презедовме задарската болница. Еве го господинот, сам ќе ја сошиам. Снимај брат, шие... Ова е срам за болницата. Додека работам во шатор , пијат кафе Господа, јас сум во вашиот шатор „Човекот падна по скалите и го скрши забот и ја скина усната“, се слуша на снимката.

Нивниот пријател, кој цело време лежел, рекол дека „два часа го чекал хирургот“.

YouTube video

Директорот на задарската општа болница Жељко Цулина потврдил дека вечерта била повикана полиција на местото на настанот бидејќи на младите им било крајно непријатно и направиле хаос, но дека во шаторот на одделението за Ковид имало медицински персонал.

"Докторот кој беше дежурен на тријажата прими млад човек ,ковид позитивен, со повреда на усната во шаторот за тријажа. Придружуван од двајца пијани млади момчиња. Цело време им беше крајно непријатно и правеа хаос. На докторот му се јави хирург, кој му укажал на пациентот и тој повикал полиција. Потоа полицијата излегла на местото на настанот“, изјавил Кулина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

​Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер