Скандал во Турција: Фудбалски судии фатени како се обложуваат - Канал 5

Скандал во Турција: Фудбалски судии фатени како се обложуваат

Претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Ибрахим Хаџиосманоглу, откри дека стотици турски судии, вклучително и оние на национално ниво, биле вклучени во обложување и покрај забраната. 

Скандал во Турција: Фудбалски судии фатени како се обложуваат

Внатрешна истрага опфати 571 судија, а резултатите покажуваат дека 371 имаат сметки за обложување, додека 152 активно се обложуваат.

Некои судии поставиле повеќе од 10.000 облози, а 42 судии се обложувале на повеќе од 1.000 фудбалски натпревари.

Меѓу осомничените, 22 судии суделе натпревари на национално ниво, вклучувајќи седум централни и 15 помошни судии, но не е познато дали се обложувале на натпревари што самите ги суделе.

Хаџиосманоглу најави итни санкции, без исклучоци, за чистење на турскиот фудбал од корупција, објави Аваз.

Поради честите обвинувања за пристрасност, ТФФ воведе ВАР технологија и ангажираше странски судии за клучни натпревари, како што е истанбулското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче, за да се обезбеди фер судење и да се намалат сомневањата за пристрасност од страна на домашните судии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра

Холандската полиција распиша меѓународна потрага по Нинослава Јовиќ (41) од Ниш, која се сомничи дека учествувала во еден од најголемите грабежи на накит во Европа. 

Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра

Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра.

Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол.

Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш. Сепак, полицијата не ја исклучува можноста таа да патува и во други земји.

За информации што би довеле до апсење на осомничените, обвинителството во холандската провинција Лимбург понуди награда од 20.000 евра.

Според холандската полиција, Јовиќ не е обвинет за директно учество во кршењето на излозите и одземањето на накитот, туку е осомничен дека имал помошна улога во грабежот.

Таа е еден од петмината државјани на Србија кои холандските власти ги бараат поради оваа кражба. Покрај неа, на потерниците се наоѓаат и Александар Цениќ (50), Александар Стојиљковиќ (50), Душко Димитријевиќ (50) и Братислав Стојановиќ (41).

Истражителите се сомневаат дека четворицата мажи се членови на криминалната група „Пинк Пантер“, позната по грабежи на луксузни продавници и вредни предмети ширум светот.

Холандската полиција исто така објави детален опис на Нинослава Јовиќ, со цел да се олесни нејзиното идентификување. Според достапните податоци, станува збор за 41-годишна жена, со српска националност, која има кафеави очи и коса што може да биде природно кафеава или обоена во руса боја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Како што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски -  Иван Стоилковиќ.

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници.

Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија.

Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски.

Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада?

Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија.

Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси.

Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ.

Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид.

Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции.

Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.

Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби.

Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат.

На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли.

Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата.

Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини.

Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието.

Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика.

Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити.

Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност.

Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ?

Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!

Форумот на жени на ЛДП изразува длабок револт и згрозеност од срамните и мизогини ставови на Петар Богојески, кој ги оправда насилството и контролата врз жените под параванот на „машки надзор“. 

Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!

Ова не е никаква слобода на говор, туку брутална промоција на насилство и шовинизам во кој мажот е господар, а жената објект. Ниту една жена во Македонија не должи потчинетост или надзор никому – личната автономија и слободата се темел на секое цивилизирано општество!

Поразително е што вакви средновековни сфаќања доаѓаат од коалиционен партнер на премиерот и човек кој образува идни воени кадети. Бараме итна реакција од Министерството за одбрана и Воената академија бидејќи лице кое релативизира семејно насилство нема никаков морален ниту професионален кредибилитет да учи идни офицери.

Ја повикуваме Владата и Собранието веднаш да престанат со кукавичкото молчење и уште денес да го изгласаат Законот за електронска нараквица за демначи и насилници.

Додека вие му давате простор на коалицискиот партнер да се изживува со жените на телевизија, жртвите на семејно насилство секојдневно живеат во страв за сопствениот живот. Насилниците заслужуваат строга казна а не промоција на национална телевизија. Ние нема да молчиме пред вашиот системски шовинизам!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер