Скандал во Париз: Иранец развеал муслиманско знаме, па му го одзеле златниот медал (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во Париз: Иранец развеал муслиманско знаме, па му го одзеле златниот медал (ВИДЕО)

Иранскиот параолимпиец и натпреварувач во категоријата Ф41 со копје на Игрите во Париз, Садег Беит Сајах остана без златен медал, иако го собори светскиот рекорд со удар од 47,64 метри.

Скандал во Париз: Иранец развеал муслиманско знаме, па му го одзеле златниот медал (ВИДЕО)

Тој успеа да постигне историски подвиг во саботата, движејќи се за едно ниво од POI Токио 2021 и Светското првенство во француската престолнина минатата година. Не очекуваше што ќе се случи потоа.

Со одлука на Меѓународниот комитет за параолимписки правила (IPC) тој е дисквалификуван и неговиот резултат нема да се смета од две причини. Пред сѐ, поради неспортската прослава пред колегите, а она што е особено истакнато и за кое му беше доделен таканаречен втор жолт картон е знамето што тој го развиори.

Наводно се работи за знаме со натпис „Ја Зехра“, кое е од религиозен карактер и е посветено на ќерката на пророкот Мухамед, која ја слават муслиманите. Прописите, сепак, забрануваат материјали од таква содржина, како што е наведено во официјалната одлука.

Садег бил во целосен шок кога дознал дека медалот нема да му биде доделен, а тоа се случило само неколку моменти пред закажаното доделување. Трагичен настан, но и нешто што веројатно би требало да ги направи претпазливи другите спортисти кога посочуваат различни симболи.

Беит Сајах истакна дека истото знаме го извадил и по Игрите во Токио, но дека тогаш тоа не било проблем. Сепак, неговата жалба не е прифатена и светскиот рекорд нема да важи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВР

Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за  да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.

Герасимовски: Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВР

Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност.

„На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање. Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите“, порача Герасимовски.

Тој потсети дека Општина Центар иницираше измени на повеќе закони со цел поефикасно справување со девијантното однесување кај младите, меѓу кои и воведување општокорисна работа за малолетните вандали и нивните родители.

За 2026 година, Општина Центар има издвоено 12 милиони денари за обнова и реконструкција на детските и спортските игралишта на својата територија.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма

Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата затоа што јавноста дозна за уште еден сериозен скандал кој директно го засега највисокиот врв на Владата на Мицкоски.

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма

Според документи објавени во медиуми, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија.

Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК.

ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта.

ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста.

Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел?

Законот предвидува и законска казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара.

Бидејќи Јанушев го нема втор ден институциите се должни да ги дадат одговорите.

Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив.

Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите.

Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

YouTube video

Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. 

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Повод за средбата беше двојниот успех на клубот - шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига.

Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат во клубот.

Покрај успехот на младинците, ФК КУЛ ја заокружи сезоната со уште еден значаен шампионски трофеј. Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона.

Упатувајќи искрени честитки до сите играчи и тренери за остварените успеси, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде искрен поддржувач на спортските таленти.

-Овој клуб е вистински пример за успешен развој на млади таленти кои со своите игри го потврдуваат квалитетот на македонскиот младински фудбал. Постигнатите резултати верувам дека се само почеток на нови спортски предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина. Општина Кисела Вода секогаш стои зад вистинските спортски вредности и тука сме за да ги мотивираме младите да се насочат кон спортот и континуирано да напредуваат- порача градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер