СКАНДАЛ ВО НАЈАВА МКД.мк: Тупанчевски сепак летал „гага“. Министер за Правда на Македонија? - Канал 5

СКАНДАЛ ВО НАЈАВА МКД.мк: Тупанчевски сепак летал „гага“. Министер за Правда на Македонија?

Од ФФМ бараат разбирање пред најголемиот фудбалски натпревар на македонската репрезентација и „чувство за важноста на моментот“ откако МКД.МК објави дека ВИП личности патувале гратис во Палермо. .

СКАНДАЛ ВО НАЈАВА МКД.мк: Тупанчевски сепак летал „гага“. Министер за Правда на Македонија?

На прашањето за ВИП гостите кои бесплатно летаа и имаа гратис влезници на натпреварот меѓу Македонија и Италија во Палермо, од ФФМ не упатија во агенцијата која што го организирала патувањето.

Инаку, како што објави МКД .МК во Палермо гратис патувале повеќе актуелни и поранешни функционери. Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се први на списокот на ВИП, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација. И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.

И покрај тоа што ветија, денеска само Фетаи објави дека за престојот во Палермо од своја сметка платила 24.000 денари за хотелските трошоци. За авионскиот транспорт и за влезницата на натпреварот се погрижија од ФФМ.

Најверојатно истиот „аранжман“ важел и за Тупанчевски, Нанев, за Бучковски со двата сина, Мерко и Бакрачевски.

Иако од Министерството за правда вчера ветија дека денеска ќе бидат објавени платените фактури за престојот на Тупанчевски во Палермо, тоа јавноста денеска не го виде. Од Тупанчевски ја знаеме само изјавата дадена за неколку медиуми дека во Италија бил на свој трошок.

Од туристичката агенција „Гуливер“, организатор на патувањата на ФФМ засега нема никаква информација за аранжманите за ВИП гостите во авионот платен од ФФМ. Ни за Палерно, ни за Порто.

Вишата обвинителка Фетаи денеска објави и уплатница од 17.000 денари за трошоците за утрешниот натпревар во Порто на македонската фудбалска репрезентација против Португалија. За ТВ24 таа изјави дека дополнителни податоци ќе даде ако некоја од државните институции го смета тоа за потребно. „Има соодветни процедури кои секако не се водат со посредство на медиумите, туку со непосредна лична комуникација, преку кои се одлучува за евентуални прекршувања на закони или кодекси, кои во случајов ги нема“, изјави Фатиме Фетаи, вишата јавна обвинителка.

Од ФФМ само апелираат да не се произведуваат скандали пред историскиот натпревар за македонската репрезентација.

„Тие личности одат на сите натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија, без разлика дали се работи за меч против Гибралтар или против Италија. Сите си платија аранжман во агенција, а ФФМ им даде гратис билети од тие кои ги добива за секој натпревар. Македонија никогаш досега не била толку блиску до пласман на Светско првенство, наместо во овие моменти да бидеме сплотени и фокусот да го ставиме на спортот за да ја израдуваме нацијата, ние се занимаваме со политика“, велат во изјавата за МКД.мк од ФФМ.

Лазар Нанев, претседателот на Основниот суд во Кавадарци денеска реши да не ги приложи сметките, а потврди дека веќе отпатувал за Порто. Тој за ТВ 24 изјавил: „Живеј го животот и љубовта кон него. Патриотизмот кон сопствената нација, Македонија и кон спортските успеси немаат граница, ниту километри. Македонија се сака со љубов, не со омраза. Респектот, мирот и бон тон се основните мотиви на просперитетот, 35 години во фудбалскиот спорт се потврда за посветеноста и научниот пристап во спортското законодавство“.

Засега нема информации за тоа дали во Порто се и Мерко и Бучковски и Бакрачески. Фетаи и Нанев се веќе таму. Тупанчевски овојпат реши да ги извршува своите работни обврски во Министерството за правда.

Државната комисија за спречување на корупцијата побара одговор од сите ВИП личности за тоа на чиј трошок патувале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарниот автомобил на Бетмен денеска се продава на аукција, се очекува милионска сума (ВИДЕО)

Еден од најзначајните автомобили во историјата на филмот наскоро би можел да има нов сопственик. 

Легендарниот автомобил на Бетмен денеска се продава на аукција, се очекува милионска сума (ВИДЕО)

Оригиналниот Бетмобил од филмот „Бетмен се враќа“ од 1992 година е на аукција, со проценета вредност помеѓу 5 и 7 милиони долари. Но, дури и купувач кој е спремен да издвои толку пари нема да може да го вози бесплатно.

Автомобилот е користен за време на снимањето на филмот на Тим Бартон, во кој Мајкл Китон го играше Бетмен. Тоа е една од трите специјално изработени копии, познати како „Автомобил број еден херој“, кои се појавија во повеќето сцени на возење.

Бетмобилот е долг речиси шест метри, има препознатливи задни крила и оригинален V8 мотор од Шевролет. Зачуван е и издувниот систем на автомобилот што испушта пламен, користен во една од сцените со помошниците на Пингвинот.

Автомобилот е изложен во Музејот на автомобили Маркони во Калифорнија со години и ја задржува својата оригинална боја и голем дел од опремата од снимањето.

YouTube video

Сепак, постои сериозно ограничување за идниот сопственик. Бетмобилот нема лиценца за употреба на јавни патишта, а договорот со „Ворнер Брос“ предвидува дека за одредени јавни прикази мора да се добие посебна дозвола. За време на вакви настани, автомобилот мора да остане паркиран.

Аукцијата, одржана од аукциската куќа „Џулиенс“ во Калифорнија на 23 ноември 2013 година. Доколку Бетмобилот ја достигне очекуваната цена, би можел да го сруши рекордот што го држеше копија од телевизиската серија „Бетмен“ од 1960-тите, која беше продадена во 2013 година за приближно 4,6 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.

Руте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТО

Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“.

„На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО.

Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО.

Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда

Претставничката на Црна Гора на натпреварот Мис Универзум што ќе се одржи на 24 ноември, Марија Александра Ивезај, покажа „двоглав орел“ за време на парадата со костими.

Црногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда

Сега таа одговори на прашањата на јавноста за нејзиниот потег за време на презентацијата и рече дека е горда и на своето албанско потекло и на Црна Гора, објави Телеграф.

Откако нејзиното претставување на натпреварот Мис Универзум привлече големо внимание, бидејќи покажа „двоглав орел“ на сцената, Марија Александра Ивезај се огласи на социјалните мрежи.

- Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на сцената и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора исто така ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм.

Таа покажа двоглав орел на сцената

За потсетување, на 75-от избор за Мис Универзум, имаше неочекуван скандал кога претставничката на Црна Гора, Марија Александра Ивезај, направи гест за време на парадата во национални носии што крена многу прашина.

Таа покажа „двоглав орел“ со рацете на сцената, што често се смета за симбол на таканаречената голема Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер