Скандал во Истанбул: Хулигани од Фенербахче ги претепаа навивачите на Јунајтед (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во Истанбул: Хулигани од Фенербахче ги претепаа навивачите на Јунајтед (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа имаше предигра на улиците на Истанбул, додека хулиганите на турскиот клуб нападнаа приврзаници од Англија и им нанесоа телесни повреди.

Скандал во Истанбул: Хулигани од Фенербахче ги претепаа навивачите на Јунајтед (ВИДЕО)

Како што пренесува порталот Дејли Мејл, околу 50 хулигани на Фенербахче ги нападнале навивачите на Јунајтед пред хотелот Гранд Хисар, на околу еден километар од познатиот плоштад Таксим.

Во бројни сметки на социјалната мрежа „Х“ се наведува дека биле користени тупаници, а дел од хулиганите на турскиот тим користеле и шипки и на тој начин ги повредиле Англичаните, кои или се обиделе да пружат отпор или побегнале од местото на настанот.

- Нѐ нападнаа 50-тина од нив, еден дури ме следеше по улица и се преправаше дека помага додека не ме удри по брадата - изјави еден фан на веб-форум.

Навивачите на Фенербахче се „бранат“ со тврдење дека биле навредувани од Англичаните и дека биле испровоцирани од нив, па еден од нив напишал:

- Ако одите во странска земја и таму ги навредувате луѓето, тогаш само ми е драго што исходот не беше многу полош.“ - напишал навивачот на Фенербахче.

Погледнете и снимки од нападите врз навивачите на Јунајтед:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат.

Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко.

Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер