Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ЖивотСкандал во Британија: Жена болна од рак лежи на под во ходник - немало кревети во болницатаМедлин Бучер (62), на која ѝ бил дијагностициран рак на јајниците, лежи на подот во болницата во Блекпул поради недостаток на кревети.На мрежите се појави наводната фотографија од жената која е примена за можна сепса и предизвика бурни реакции. Медлин пристигнала во болница во неделата, околу три часот по полноќ, вели нејзиниот сопруг Џон (61). Таа покажала симптоми на инфекција и им било кажано дека ќе чекаат во собата за итни случаи потенцијално 36 часа, пишува New York Post. Медицинскиот персонал ѝ објаснил дека не можат да ѝ обезбедат кревет, инвалидска количка или столче, бидејќи нема ништо на располагање. Наместо тоа, и дале ќебе и перница и ја принудиле да лежи на подот, тврди сопругот. „Бев ужаснат. Како е тоа прифатливо во денешно време? Терминално болен пациент лежи на подот?“, рече Џон. This is what the Conservatives have done to our NHS and it is a disgrace. Rishi Sunak should have the decency to apologise to this poor woman. Our NHS is crying out for change, and only Labour has a plan to deliver it.@The_Gazette https://t.co/BvstZrz2bk https://t.co/I9Ya2LeDID pic.twitter.com/C9W1TKp0Pm — Wes Streeting (@wesstreeting) June 28, 2024 Докторот кој ја примил Медлин го потврдил сомнежот за сепса, а Џон истакнува дека во еден момент медицинските сестри донеле инвалидска количка. Жената била примена на одделението дури вчера вечер. Мајката на две деца е задржана во медицинската установа, каде што се опоравува. „Добивме поплака за грижата на г-ѓа Бучер. Сакам да ѝ се заблагодарам што се јави и многу ми е жал ако квалитетот на негата што ја доби не ги исполни високите стандарди што ги очекуваат пациентите“, рече Мери Форшо, в.д. Извршен директор на здравствениот персонал во Блекпул.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМечка забележана на една од патеките на ВодноПлатформата Ски-Македонија предупредува дека на Водно е забележана мечка, поради што апелираат до посетителите да бидат внимателни при движењето низ шумските патеки. Според објавените информации, мечката е забележана над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек, а информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва. Според нив, животното се движи по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега не биле пријавени напади или други инциденти, но сепак, велат присуството на мечка во овој дел од Водно е доволна причина посетителите да бидат внимателни. Тагови: Водно мечка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништоМаксим Димитриевски нема право да зборува за Изборниот законик. Човекот кој не донесе ништо, а зеде сè, пари, позиции, тендери и заштита од Мицкоски, сега се обидува да прави дефокус по команда на својот газда. Максим е класичен сателит. Создаден и финансиран од Мицкоски за да ја растури опозицијата и да ја штити криминалната група ВМРО. Денес ЗНАМ повеќе не постои. Остана само Максим, кој сега се обидува да ја наплати својата услуга. Народот веќе го нарекува „Максим по дивизија“ - човек кој работи за пари и прави токму она што ќе му се каже. Затоа што ако зборуваше искрено, ќе мораше да признае зошто не може да се донесе Изборниот законик. Не може да се донесе затоа што ВМРО и Мицкоски сакаат неконтролирано гласање на дијаспората, електронско или по пошта, без никаква вистинска контрола. Сакаат да отворат врата за масовна изборна кражба, токму онака како што правеа и порано. Максим исто така го поддржува тоа. Затоа што знае дека повеќе никој нема да гласа за него и за неговата банда. Неконтролираното гласање му е последната надеж. Максим Димитриевски, како и секој добар сателит, се обидува да ја сврти приказната. Но вистината е едноставна: Не е проблемот во СДСМ. Проблемот е во Мицкоски и криминална организација ВМРО кои сакаат да крадат избори, а Максим е тука само за да им ја чисти патеката со дефокус и лаги. Народот веќе знае кој е Максим и за што е создаден. Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПротест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор Во организација на Демократската унија за интеграција, вечерва во Тетово се одржува граѓански марш за како што претходно најавија од партијата, заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата.Повод за протестот кој почна во 20 часот е одлуката на уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, но од партијата оценуваат дека незадоволството е пошироко бидејќи постои загриженост од намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Според партијата на Ахмети, одлуката на уставниот суд отворал прашања за правната сигурност и за идното третирање на прашања поврзани со охридскиот рамковен договор.Тагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook