СКАНДАЛ Видео: Голема журка без заштита во Струмичкo диско! МВР и ДПИ, каде сте??? - Канал 5

СКАНДАЛ Видео: Голема журка без заштита во Струмичкo диско! МВР и ДПИ, каде сте???

За клубот „Аватар„ во Струмица и „Калипсо“ во Прилеп изгледа не важат никакви забрани и правила. Но дали првиот инспектор Стојко Пауновски и МВР ќе им „стрегнат“ кривични пријави по неколку основи на сопствениците?

СКАНДАЛ Видео: Голема журка без заштита во Струмичкo диско! МВР и ДПИ, каде сте???

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од забави во овој струмички ноќен клуб каде присуствуваат голем број на луѓе без маски не почитувајќи ги здравствените прописи, како коронавирусот воопшто и да не постои.

Вакво недоговорено однесување на менаџментот на диско-клубовите но и на самите гости не смее да се толерира. Прекршени се најмалку два закони, од кои најмалку еден е кривично казнен: Собирање во поголема група, и не носење на заштитни средства.
Просто е неверојатно каква неодговорност и безобразие од луѓето кои го водат овој објект - уште се фалат за „одличната журка“, додека стотици македонски граѓани умираат од последиците на пандемијата предизикана од Ковид - 19

Медиумите пишуваат дека ноќниот клуб „Аватар“ е пријавен од страна на Државниот пазарен инспекторат во Јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за времена на епидемијата на Ковид-19, но МВР мора да поднесе кривични пријави за секој гостин одделно кои не носеле заштита во двата гореспоменати клубои.

Ако не бара некој кај ЃОКО ЈОВИЌ сме 😎🍾🍺😎🍾🍺😎🍾🍺😎🍾🍺🍾🍺

Posted by Miroslav Pavlovski on Saturday, July 18, 2020

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин Богородица

Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.

Долга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин Богородица

Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата.

Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите.

Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер