Олимписки игриСкандал: Таткото на хрватската олимписка шампионка е уапсен во Париз поради сексуален нападТаткото на познатата хрватска џудистка Барбара Матиќ, која вчера го освои златниот медал на Олимписките игри, денеска, 1 август, е приведен во Париз, јавуваат француските медиуми.Полицијата го сомничи дека сексуално вознемирувал волонтерка која работела на организирање спортски настан. Инцидентот се случил на локацијата „Арена Шамп де Марс“, каде што една волонтерка поднела пријава против него. Волонтерката тврди дека насилно ја бакнал додека ја славел победата на својата ќерка. Шокирана и вознемирена од овој чин, волонтерката веднаш го пријавила настанот кај надлежните. Таткото на Барбара Матиќ моментално е во притвор и чека дополнителни истраги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
СветВоз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО) Жртви на шумски пожари беснеат низ делови од Канада, додека рекордно висока топлотна купола ги гори регионите во близина на границата со САД.Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и северозападен Онтарио, објавува „The Telegraph“. 🚨🇨🇦 Canada's #wildfire emergency A freight train was caught in an advancing wildfire near Armstrong, Northern Ontario -128 active wildfires across northwestern #Ontario -Armstrong & multiple First Nations have been evacuated -Highway closures -Temperatures nearing 40°C#canada pic.twitter.com/YDEhmCFRLC — GlobeUpdate (@Globupdate) July 15, 2026 Видео направено од внатрешноста на кабината на возот го покажува пејзажот зафатен од портокалови пламени, а машиновозачот вели: „Ова може да нè проголта, станува малку страшно, по ѓаволите. Сега сме опкружени со пламен.“ Предупредувања за топлина и квалитет на воздух 🚨🇨🇦 Canada's #wildfire emergency A freight train was caught in an advancing wildfire near Armstrong, Northern Ontario -128 active wildfires across northwestern #Ontario -Armstrong & multiple First Nations have been evacuated -Highway closures -Temperatures nearing 40°C#canada pic.twitter.com/YDEhmCFRLC — GlobeUpdate (@Globupdate) July 15, 2026 Издадени се предупредувања за топлина за повеќе од 100 милиони луѓе. Се предвидува температурите да достигнат 38 степени Целзиусови во Отава и Торонто, а влажноста ги прави условите да изгледаат уште потопли. Канадскиот оддел за животна средина и климатски промени предупреди на влошување на квалитетот на воздухот, што може „да резултира со тоа што Индексот за квалитет на воздухот се приближува кон категоријата со висок ризик.“ Метеоролозите очекуваат топлината да се намали во повеќето области до крајот на неделата, иако топлотната купола - област со висок притисок што го заробува топлиот воздух, истиснувајќи облаци и дожд - би можела да се задржи до крајот на месецот. Топлинскиот бран се шири кон САД Билингс, град во јужна Монтана, во вторник забележа 44 степени Целзиусови, додека Солт Лејк Сити, Јута, достигна 43 степени. Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека најинтензивната топлина ќе го достигне североистокот во среда и ќе се прошири кон средноатлантскиот регион. 🔥 WILDFIRE SMOKE JOURNEY: Wildfire smoke from dozens of out-of-control fires in western Ontario could soon drift into the U.S. as winds shift over the next 24 to 36 hours. The first wave of smoke may bring hazy skies and poor air quality to parts of the Upper Midwest, Great… pic.twitter.com/ya4sorGn9m — FOX Weather (@foxweather) July 14, 2026 Се очекува градовите од Ричмонд, Вирџинија, до Бостон, Масачусетс, да се приближат до 38 степени Целзиусови, заканувајќи се на дневните рекорди. Научници: Последица од климатските промени Научниците велат дека настанот одразува климатски систем кој е изменет од децениите емисии на фосилни горива. Марк Алеси, климатолог во Унијата на загрижени научници, рече дека топлотните куполи се природен дел од климатскиот систем, но тој нагласи дека тие сега се однесуваат поинаку поради потопла атмосфера и океан. „Нашата атмосфера е многу потопла. Нашите океани се многу потопли. Тие испуштаат многу повеќе топлина во атмосферата, а оваа топлинска купола е пример за тоа како изгледаат климатските промени предизвикани од фосилни горива“, рече тој. 🔥' This could potentially OVERTAKE US' — Train caught inside a raging inferno of a spreading wildfire in Northern #Ontario, #Canadapic.twitter.com/dJG9MdT0SK 🚆🔥Trains carrying flammable materials were stranded after being overtaken by nearby fires near Collins. OPP are now… — ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) July 15, 2026 Екстремна топлина и улогата на Ел Нињо Посебна анализа од групата „World Weather Attribution“ покажа дека екстремната топлина и влажност што го погодија Источниот брег околу празникот Четврти јули би биле „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот. Метеоролозите го следат и развојот на Ел Нињо, бран на океанска топлина што се јавува два до три пати во една деценија и се очекува да ги наруши временските обрасци во Пацификот. Прогнозерите велат дека временскиот феномен, за кој се очекува да достигне врв помеѓу октомври и декември, би можел да биде најсилниот досега забележан. Извор: Индекс.хрТагови: воз канада пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаСојузот на борците од НОАВМ за преименување на улиците во ТетовоСојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово внимателно ја проследи информацијата објавена од советникот во Советот на Општина Тетово Алби Ќамили за преименување на улиците во градот.Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово внимателно ја проследи информацијата објавена од советникот во Советот на Општина Тетово Алби Ќамили, во која наведува дека на седница на Работната група за преименување на улиците во градот го потврдиле првиот дел од листата на имиња за улиците. Во отсуство на било какво официјално соопштение од страна на Општината, Градоначалникот или советниците од мнозинството, истава ја разгледуваме како официјална и веродостојна. Имено, Работната група која работи во целосна нетранспарентност, со отворен бојкот од јавноста се собрала и потврдила список со имиња. Потсетуваме дека работната група се формираше и работи постојано под притисок од Градоначалникот да се ослободи од „имињата од темното минато“, мислејќи на имињата на улиците на македонските херои партизани и јунаците од светската антифашистичка коалиција. За таквиот притисок има бројни изјави пласирани во јавноста лично од Касами, а за тоталниот бојкот од граѓаните потсетуваме на фотографиите од празните сали кога ваквата квази работна група повикуваше на „јавни дискусии“. Списокот со 74 потврдени имиња во листа за промени на тетовските улици е неприфатлив и некомплетен и во него не се содржи предлогот кое од предложените имиња треба да го замени името на која улица. Анализата на сите 74 потврдени имиња упатува на јасна тенденција по секоја цена на сила да се албанизираат тетовските улици, па наместо вистински да го рефлектираат мултиетничкиот, мултикултурен развој на градот како урбана средина со своја општествена, културна, спортска и јавна димензија, се потврдуваат и предлагаат луѓе од други држави со албанско етничко потекло кои немаат никаква врска, допирна точка, поврзаност со градот Тетово, со тетовчани, ниту со Македонија. Имињата на Лек Дукаѓин, Фан Ноли, Ферид Мурад, Марин Барлети, Ѓон Бузуку, Пјетер Богдани, Елена Ѓика, Митруш Кутели, Кадри Роши, Севасти Киријази, Ваче Зела, Авни Мула, Зеф Колумби, Нора Келменди, Пјетер Буди, Тиш Даија, Александар Мојсиу, Беким Фехмиу се во ред да бидат опфатени во некаква албанска енциклопедија, но не е во ред да бидат имиња на тетовски улици. Покрај ова, албанизацијата во овој список се нагласува со предложувањето на Гани Јахја професор од Албанија испратен во Тетово лично од Ернест Колиќи - министерот за образование во фашистичкото Кралство Албанија, во времето на фашистичката окупација на Тетово, како и Абдилбаки Бајрами професор по математика избркан од тетовската Гимназија во осумдесеттите години од минатиот век поради национализам. Во списокот се и браќата Фрашери, основоположниците на призренската лига и идејата за формирање на голема албанска држава. Предложен е и Абдурахман Паша, кој за времето на османлиското ропство го управувал Тетово, а под негова власт народот бил изложен на репресалии, арачи, исламизација. Предложен е и Али Ефенди Метешеху оџа од Тетово, кој нема општествен карактер, туку религиски и е дел од тенденциозната нова исламизација. Покрај ова, упатуваме остра реакција и револт што во список со предложени имиња постои видлива непропорционалност, согласно која многу мал дел од имињата се на македонски дејци и дејци од другите етникуми. Покрај ова приговараме и ја осудуваме изјавата на советникот Алби Ќамили дека за улиците каде живеат Македонците ќе предложеле имиња на македонски дејци. Кој е Алби Ќамили, која е оваа работна група или кој е Советот на Општината да одредуваат гета во нашиот град? Тетово е дел од унитарна Македонија и тука правило е дека улиците имаат имиња на македонски дејци, а не исклучок за кој треба некој да Ви каже благодарам. Во делот на предложени имиња на македонски дејци изразуваме резерва и ја сметаме за недоволна и површна. Сметаме дека Тетово изобилува со заслужни граѓани и вистински национални дејци од различни историски периоди, а во листата не се вклучени многу од нив. Националните дејци од другите градови се достојни за славење и во ред е да добијат улици и во нашиот град, но по секоја цена мора да се штити македонското минато на Тетово и тетовскиот регион. Сметаме дека постои свесна тенденција согласно која се врши обид да се потисне колективната меморија на Македонците во Тетово, како и на другите граѓани од различна етничка припадност. Јавно БАРАМЕ од Советниите во Советот на Општина Тетово наместо да молчат активно да се вклучат во разобличувањето на непотребните и штетни обиди за албанизација и да го штитат македонското историско и културно наследство во градот. Упатуваме јавна молба до Советникот и врвен национален историчар Бранислав Светозаревиќ лично да се инволвира во овој процес и да не дозволи историски ревизионизам, ниту политички инженеринг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаИзгласан нацрт ДУП за Барутана, има ли ризици од ерозивното земјиште?Изградба на 25 нови големи објекти од кои 24 семејни луксузни куќи на падините на Водно, на земјиште кое е означено како подрачје под влиние на ерозија.Ова се предвидува со изгласувањето наНацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт – Барутана од страна на советниците во Советот на Општина Центар. Иако по изгласувањето на нацртот на урбаистичкиот план следуваат и други фази во процесот за конечно одлуката да биде донесена, ескпертите и познавачите на состојбите алармираат за опасноста од евентуалчно новите градби. Велат ова не е тема само за жителите на Центар. Според нив Водно не завршува на границата на една општина. Билјана Филиповска – Архитект и член на академија на архитекти вели дека стравот кај граѓаните од можни свлечишта треба да го разберат и институциите. -Загриженоста на граѓаните е сосема оправдана. Бидејќи на таа падина, која има големи косини, има направено насади, нешто пред војната и нешто после Втората светска војна поради ерозивноста на тлото која носела големи проблеми на граѓаните на Скопје. Се случувало камења да се уриваат дури до железничката станица – вели Филиповска. Од друга страна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски уверува дека планот поминува низ повеќе институционални филтри и дека одговорноста за неговото донесување ја сносат сите надлежни институции, а не само општината. -Првичниот план работната верзија се носи на Совет со намалени бројќи. Таму се доцртуваат, пензионерски дом. Којашто е единствена државна парцела. Таму каде што имаме каде што имаме законот на 20 потсто на зеленило во сопствена парцела сега имаме 40 посто зеленило во сопствена парцела. Нема да се дозволи панорамика, односно да како во минатото да имаме три спрата под земја за паркирање па подоцна да има пренамена во станбена површина – вели Герасимовски. -Градоначалникот не е планер. За да се донесе ДУП напрво тоа го црта проетантска куќа. Па потоа минуваат неколку филтри меѓу кои Градот Скопје, општината односно советот и транспорт и врски. Според градоначалникот сите надлежни институции дополнително треба да ја поривберат потребната докуменација за дупоит, како во делот на пример на ДЗС и безбедноста но и други важни документи. Секој којшто носи одредени одлуки има и одредена одговорнот – вели Герасимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook