РакометСкандал: Публиката во Атина фрла со предмети по играчите на Алкалоид (Видео)Жестока атмосферата на натпреварот помеѓу Алкалоид и АЕК во Атина.Публиката со предмети фрла кон играчите на Алкалоид. Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута. АЕК врати со серија за ново водство од два гола (14-12) во 25 минута, но финишот на полувремето им припадна на ракометарите на Алкалоид кои не му дозволија на противникот да постигне гол во завршните пет минути, а на спротивната страна реализираа четири напади за предност од два гола пред стартот на второто полувреме. Младеновиќ и Бинго беа најефикасни во првиот дел во редовите на Алкалоид со по три голови, додека Кизиќ на голот запиша шест одбрани. На почетокто од второто полувреме, навивачите на АЕК предизвикаа инцидент и прекин и со шише во глава го погодија младиот Дамјан Митев. Мечот за кратко пршдолжи. На крајот, сепак Алкалоид ја однесе победата со 29 постигнати голови, наспроти 25 кои ги постигна екипата на АЕК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook