Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
МакедонијаСкандал на повидок: ФФМ објави дописи од УЕФА за можни наместени натпревари во МакедонијаУЕФА алармираше, ФФМ поднесе пријава до МВР – Постојат сериозни наводи за местење на три првенствени и еден пријателски натпревар во Македонија. Европската куќа на фудбалот укажа на сериозни обложувања на четири натпревари во земјава, од кои во два е вклучен кумановскиот првологигаш Башкими. Во првиот случај е натпреварот од 6ти декември лани против Шкендија, каде УЕФА изразува сериозна загриженост поради високите влогови кумановскиот клуб да загуби, а Вв вториот пак, кој се играл на 30 ноември лани против Струга, од одделот за интегритет на институцијата се сомневаат во облози на постигнати голови... Оддел за интегритет на УЕФА Овој натпревар предизвикува кредибилна загриженост од перспектива на интегритет поради силното обложување дека ќе се постигнат најмалку четири гола. Иако обложувачките шеми и моменталните информации не укажуваат сосема јасно кој е одговорен за манипулацијата на овој натпревар, се смета дека најверојатно ФК Башкими Куманово 1947 е можно да е инволвиран. УЕФА споделила и конкретни лица кои е можно да се вмешани, но од ФФМ велат дека во интерес на истрагата и по насоки на надлежните истите во моментов не можат се откријат. Воедно, доколку се докаже, посочија и какви казни можат да следуваат. -ФФМ тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлжености, се со цел расчистување на сите наводи и сомнежи поврзани со местењето на домашни фудбалски натпревари. Најдрастична би била преселба на одреден клуб во најнизок степен на натпреварување и се разбира доживотни суспензии за лица кои што се поврзани со тие нелегални активности,-Златко Андоновски – ФФМ. Првенствата со помалку пари, како македонското се плодна почва за „местење“ на натпревари, вели универзитетскиот професор Иван Атанасовски, кој е автор на два научни труда за овој феномен. Тој посочува дека ваквите натпревари прво фрлаат црна дамка врз фудбалот, а второ не е лесно да се докаже нивното местење, а како голем проблем го гледа и експанзивното обложување во земјава. -Голем процент на нашето население учествува во обложување, тоа е гранка која рапидно расте, која економски многу е силна и која може во секој момент да влезе во спортски колектив и да го добие посакуваното, тоа што им е потребно. Во лигите кои се со послаб финансиски квалитет е многу полесно да влезете и тоа да го направите. Има индиции дека ги носат на претприпремен период, има белешки кои им ги даваат како да постапат за одредени натпревари, но говорам дека сето тоа се индиции, органите на прогон мора да го утврдат прецизно.Иван Атанасовски – Универзитетски професор. Покрај двата натпревари на Башкими Куманово, од УЕФА е укажано и на второлигашкиот натпревар помеѓу Охрид Лихнидос и Тетекс одигран во ноември, како и пријателскиот натпревар Работнички Скопје и Фк Охрид 2004, одигран пред еден месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook