ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
БалканСкандал ја тресе Грција: Свештеници вложувале во ноќни клубови, проневериле 3 милиони евраПретседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќните клубови на Пелопонез .Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќните клубови на Пелопонез поради сомневање дека добивале пари од двајца свештеници, високо позиционирани во хиерархијата на Католичката црква на Грција, објави Атенс Тајмс. Управата при ревизијата утврдила дека од католичката црква во ноќни клубови се инвестирани големи суми на пари, кои достигнуваат околу 3 милиони евра. Оваа тактика започнала пред осум години. Од одредени сметки што ги воделе двајцата свештеници биле исплатени големи суми пари кои завршувале на сметките на одредени сопственици на ноќни клубови, што автоматски значело дека тие „вложуваат“ во бизнисот. Банките ги идентификувале овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка со цел да се мапира позадината и да се идентификува реалниот број на лица инволвирани во случајот. Во текот на истрагата се појавиле индиции за тешки кривични дела како проневера и перење пари. На крајот, Управата утврдила дека сума од 3 милиони евра била проневерена од средствата на Католичката црква, а оттогаш е откриен и идентитетот на двајцата свештеници и бизнисменот на ноќните клубови. Последната трансакција е откриена пред неколку дена и се однесува на сума од 50.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter