Скандал го тресе холандскиот двор: Идната кралица во порно видео, реагира и ФБИ - Канал 5

Скандал го тресе холандскиот двор: Идната кралица во порно видео, реагира и ФБИ

Ќерката на кралицата Максима и идна наследничка на холандскиот престол, принцезата Катерина Амалија, се најде во центарот на меѓународен скандал без нејзина вина.

Скандал го тресе холандскиот двор: Идната кралица во порно видео, реагира и ФБИ

Експлицитното видео со злоупотреба на нејзиниот лик, создадено со помош на вештачка интелигенција, се појави на интернет.

Иако никогаш немало сомнение дека станува збор за лажна снимка, самата снимка предизвика големи главоболки за кралското семејство. Како што објави „Дејли Бист“, Федералното истражно биро (ФБИ) исто така се приклучи на напорите за отстранување на компромитирачки содржини, работејќи со холандските власти за затворање на веб-страниците што ја споделуваа содржината.

Меѓу нив е добро познатата платформа MrDeepFakes, која не само што хостираше лажно видео од принцезата, туку и содржина со слики од околу 70 други жени од Холандија. Сепак, досега не се извршени апсења во овој случај.

Ова не е прв пат

Холандската веб-страница „Сехер Ог Хор“ објави дека Катерина Амалија имала „главна улога“ во едно од лажните експлицитни видеа. За потсетување, таа веќе беше цел на сличен напад во 2022 година, кога нејзините изменети видеа исто така циркулираа на интернет.

Која е принцезата Катарина Амалија?

Катарина-Амалија Беатрикс Кармен Викторија е родена на 7 декември 2003 година во Хаг. Таа е најстарата ќерка на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима, а од 2013 година ја носи титулата Принцеза од Портокал, резервирана за крунскиот принц.

Идната кралица на Холандија студира Политика, психологија, право и економија (PPLE) на Универзитетот во Амстердам, каде што ги започна своите студии во 2022 година. Иронично, темата на нејзината теза се занимаваше токму со прашањето за лажните снимки и злоупотребата на вештачката интелигенција.

Нејзината теза, насловена како „Надвор од откривањето: Премостување на јазот помеѓу Законот за вештачка интелигенција и Повелбата за фундаментални права со длабоко лажни тела“, ја истражуваше врската помеѓу законодавството за вештачка интелигенција и заштитата на фундаменталните права во Европската Унија, објавува Hindustan Times.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер