Денеска на нивна адреса пристигнал дописот од државниот обвинител Љубомир Јовески во кој наведува дека е подготвен да ги преземе предметите од СЈО. Кај најголем дел од обвинителите преовладува ствот дека треба да му ги предадат но останува да се договорат околу техничките прашања на предавањето.
Во СЈО, кое според законот има уште една година мандат, се загрижени и поради неизвесноста околу политичките преговори за законот со кој треба да се реши нивниот статус но и поради тоа што не се избра заменик на нивната шефица Катица Јанева чиј мандат истекува во недела на 15 септември.
Постапката за нејзинот разрешување ја помина комисиската расправа, но Џафери се уште тактизира со закажувањето на пленарната седница... Денеска, за прв пат откако почнаа преговорите околу иднината на СЈО опозициската ВМРО ДПМНЕ побара итно разрешување на Јанева за како што велат, вво следните денови до 15 септември да се избере нов специјален јавен обвинител.
Од СДСМ велат дека претходно на координација кај собранискиот спикер Талат Џафери, на која присуствувал и Мицевски, било договорено разрешувањето на Јанева како точка да биде на посебна седница, па од таму неговиот став го гледаат како обид за дефокусирање.
И додека се чека одлуката на СЈО кој ќе биде нивниот следен чекор, во скопскиот Кривичен суд и денеска се одложи рочиште, овој пат за случајот ТНТ и тоа на барање на обвинителот Бурим Рустеми, поради актуелната ситуација и неизвесноста на иднината на обвинителството.