Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
КултураСјајот и отсјајот на Безистенот во Битола Во строгиот центар на градот, со стратегиски позиции, внимателно думани или, како што велат битолчани, мислено и промислено, пред повеќе од 500 години е изграден најголемиот покриен пазар во регионот, битолскиот Безистен.Безистенот во Битола, поставен на темели од постар објект, одолеал на минатото и во најголем процент ја задржа формата, но во различни временски периоди го менувал ликот. За стратегиската важност на Безистенот говори локацијата на која се наоѓал некогаш, и сега, во центарот на градот, покрај река, близу маркантниот Градски часовник, окружен од Исак Челеби и Јени џамија, и на две минути пеш до храмот „Св. Димитриј", а оттаму на Широк сокак. Ктиторот Кара Даут-паша имал желба покривната конструкција на Безистенот да има оловни куполи, кои ден-денес се чуваат на овој, налик на тврдина, важен културно-историски споменик. Во отоманскиот период, дел од Безистенот бил трезор за чување на даноците собрани од тогашна Румелија, а тоа, според хроничарите, било повод да бидат регистрирани грабежи на благајната, чести кражби на стока, но и опожарувања на дуќаните. Битолскиот Безистен има длабоки визби, цврсти темели, изграден е од камен и ѕидан со печена тула. Оригиналната фасада често е менувана, крпена, малтерисувана, бојадисувана… За жал, никогаш нема да се врати еден дел од Безистенот, цел ред дуќани од јужната страна што се урнати. За тоа сведочи фотографијата публикувана во „Битола низ стари разгледници" (Д. Најдов), од која јасно се гледа дека јужната фасада била урната, изѕидани се нови дуќани, кои исто така не постојат. Внатрешниот дел на Безистенот често е менуван, па така од над 80 дуќани за исто толку занаетчии што ги продавале своите производи, денес има околу 50 продавници, најголем дел под катанец, затворени. Во Безистенот се продавало сè, за богати и сиромашни. Скап текстил и евтин зеленчук, месо, млеко, месено солено и благо, леблебии и суво грозје, рачно изработени керамички и лимени предмети, но и ексклузивна облека од увоз, која Милтон Манаки ја овековечил на оригинален начин, така како што била изложена, високо поставена во ходниците на Безистенот, на креместаре – секој да ја види. Внатрешноста на Безистенот е фотографирана во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, на, за жал, денес оштетена плоча, која сепак се чува. Ако се споредува, лесно е да се уочи дека Безистенот во внатрешноста сепак е ист како пред 100 години, така и денес. Безистенот во Битола како важен споменик на културата често е инспирација за патописци и песнопојци. Така, на пример, Евлија Челебија, турски патописец што во Битола престојувал во 1662 година во својата „Сијахатнама" напишал: „Градот има чаршија со 900 занаетчиски и трговски дуќани, 40 кафе-чајџилници и гостилници и монументален Безистен со железни порти." Непознат патописец напишал: „Крај кејот на реката Драгор, четири големи железни порти секое утро го отвораат светот на убавината, а навечер Безистенот во своите пазуви ги чува скапоцените ткаенини, кои се обвиткуваат околу телото што го стокмуваат." Според податоци на млетачкиот пратеник Бернард од 15 век во Битола биле изградени значајни објекти, односно Бујук-безистен (Голем безистен) и Чучук-безистен (Мал безистен), а Едвард Лир, англиски патописец за време на својата посета во 1838 година забележал: „Пазарите со луѓето претставуваат бескрајни калеидоскопи на слики со убавина во изобилство." Случки и настани во Безистенот се инспирација за пишување песни, па така м-р Валентин Соклевски, познат автор чии песни долго време се пеат, едно свое истражување преточува во песна за Ана, Еврејка од Битола што живеела во Еврејското Маало, населба што во средината на 16 век е формирана во градот со доселувањето на Евреите (Сефариди) во непосредна близина, североисточна страна на Безистенот. Во песната за Еврејката Ана, Соклевски пишува: „Беше убав ден, те сретнав првпат среде Безистен, толку убав ден, пред еден дуќан сиот накитен, редеше местрии, ми даде еден грст леблебии, рече пробај ги, за лични чупи се испечени." Во Безистенот и денес чувствата се поинакви и различни од кој влезот во кој било современ маркет, голема или мала битолска продавница. Објектот плени, а потоа и растажува, затоа што поголем е бројот на затворени отколку отворени дуќани, велат битолчани, кои поради корона-кризата не можеа да отседнат во кафеаната на Трајче, ниту раат да прошетаат и да купат нешто од дуќанџиите, кои се секогаш ведри и расположени за прием на муштерии. Фреквенцијата на луѓе е значително намалена, а годинава најверојатно нема да има ниту туристи, кои, освен што купуваа, често се фотографираа во ова прекрасно архитектонско здание што импонира со својата масивност, вели нашиот соговорник Пеце, продавач на македонски сувенири. Во меѓувреме, сјајот и отсјајот на Безистенот во Битола е неодминлива содржина во туристичките проспекти и водичи за градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter