Усвоен Предлог-буџетот за 2027: Дефинирани фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година
2Усвоен Предлог-буџетот за 2027: Дефинирани фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година
ЖивотСив сокол постигнал речиси 390 километри на часСивиот сокол (Falco peregrinus) може да достигне брзина од над 300 километри на час, што го прави најбрзата птица во светот. А, еден од нив постигнал 389,46 км/ч., пренесува „ИФЛ сајенс“ (IFL Science).- Тој е како „Ферари“ на небото. Сепак, сивиот сокол може да ги достигне овие опасни брзини само кога ќе изведе еден вид „нуркање“ во воздухот познато како ловечки залет, појасни Кен Френклин, пилот, но и љубител и познавач на соколите. Ловечкиот терен всушност е местото за тој лет во пад, што соколот го користи за да го фати својот плен. Издигнувајќи се далеку над целта што би можела да биде друга птица, тој ги повлекува крилјата заради порамномерен облик, пред да се спушти со клунот надолу, речиси под прав агол. Дел од секундата пред да ја достигне целта, без разлика дали е на земја или во воздух, соколот ги шири крилјата за да го забави падот и да го промени правецот. Најголемата забележена брзина што сив сокол некогаш ја достигнал е 389,46 км/ч. Птицата по име „Страшен“ го постигна тоа во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, овој лет е снимен како дел од документарен филм за „Нејшнал џиографик“ (National Geographic). Спуштањето на соколот почнало откако тој бил ослободен од авион на височина од 5.182 метри, далеку повисоко отколку што птица од овој вид вообичаено би летала на небото. Така што, некои орнитолози го оспоруваат тоа дека сив сокол би можел да достигне олку голема брзина во нормални услови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТензично во Италија: Горат гуми во Џенова, во Торино фрлаат јајца врз полицијата (ВИДЕО)Тензиите за време на масовните протести во Италија растат, а некои градови се соочуваат со инциденти, блокади и зголемено присуство на полицијата.Во Џенова, пристанишните работници го блокираа влезот во пристаништето со поставување големи гуми, од кои некои беа запалени, а беа употребени и димни бомби. Протестите се одржуваат како дел од генералниот штрајк против зголемувањето на трошоците за живот, ниските плати и зголемените воени трошоци. Илјадници работници, студенти и синдикални активисти се на улиците, а ситуацијата е особено напната во Џенова и Торино. 🇮🇹 Burning tires and blockades in Genoa Protesters have shut down the entrance to the port as a general strike sweeps across Italy, affecting everything from transport to schools https://t.co/03HcXweTq7 — Anastasia M (@AnastasiaMazh) October 30, 2026 Во Џенова, работниците од автономниот колектив на пристанишни работници CALP и синдикатот USB Mare e Porti го блокираат преминот на влезот во пристаништето Албертачи од утрото. Тие поставија голем број гуми на пристапот, од кои некои беа запалени, додека демонстрантите користеа и димни бомби. Пристанишните работници рекоа дека не сакаат да работат во систем кој, како што тврдат, овозможува транспорт на оружје за војна. Тие исто така најавија дека ќе се обидат да влезат во пристанишниот комплекс и да го блокираат неговото работење, објавува Rai news. Во Торино, демонстрантите стигнаа до Пјаца Кастело, пред префектурата, каде што фрлаа јајца врз полицајците што ја чуваа зградата. Исто така, беа активирани димни бомби, а меѓу толпата се појавија слики од италијанскиот премиер Џорџо Мелони прикажани наопаку. Momenti di forte tensione in piazza Castello, a Torino, davanti alla Prefettura, durante le manifestazioni del 30 ottobre. I partecipanti in testa al corteo, dietro lo striscione di apertura, si sono avvicinati fino a pochi centimetri dal cordone delle forze dell'ordine, mentre dalla piazza continuava il lancio di uova. La polizia è intervenuta con una carica per disperdere i manifestanti. Ne è nato un parapiglia: alcuni agenti hanno tentato di bloccare un partecipante alla protesta, mentre altre persone sono intervenute in suo aiuto. Durante gli scontri sono state lanciate bottiglie di vetro vuote e vernice rossa contro gli scudi dei carabinieri. Per disperdere il gruppo è stato azionato anche un idrante. Di Francesco Munafò #torino #sciopero — La Stampa (@LaStampa) October 30, 2026 Во Рим, организаторите на протестите објавија дека демонстрантите нема да ја напуштат Виа деи Фори Империјали до недела. Тие планираат да постават шатори и да останат на таа локација додека не се одржи националното собрание. Во Фиренца, полицијата за спречување нереди запре група од неколку стотици луѓе кои се обидоа да се упатат кон префектурата и катедралата, додека во Пиза, студентите ја окупираа историската зграда на универзитетот Сапиенца. И покрај поединечните инциденти, протестите во неколку градови досега поминаа без поголеми судири.Тагови: италија Торино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаУсвоен Предлог-буџетот за 2027: Дефинирани фискалните рамки и развојните приоритети за наредната годинаВладата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година „тежок“ околу 440 милијарди денари, со кој се планира економски раст, фискална консолидација и буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП. Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година. Планирани се приходи од 5,8 милијарди евра и расходи од 6,5 милијарди, додека буџетскиот дефицит ќе изнесува 673 милиони евра или 4 проценти од БДП. Министерството за финансии проектира економски раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,2 проценти. Најголем дел од парите ќе бидат наменети за социјални трансфери, пензии и редовно сервисирање на обврските, а за капитални инвестиции се предвидени 824 милиони евра. Приходите во државната каса догодина се планирани на 5 милијарди и 834 милиони евра, што е раст од 13 проценти во однос на 2024 година. Расходите ќе достигнат 6 милијарди и 507 милиони евра, односно 10 проценти повеќе. Разликата меѓу приходите и расходите ќе се покрива со буџетски дефицит од 673 милиони евра. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека проекциите се внимателно направени, а економијата следната година се очекува да порасне за 3,7 проценти, со инфлација од 2,2 проценти. Најголемиот дел од средствата се за социјални трансфери – околу 3 милијарди и 639 милиони евра, од кои 1 милијарда и 707 милиони евра за пензии. За општините се предвидени околу 585 милиони евра, додека за капитални расходи 824 милиони евра. Најголем дел од капиталните вложувања ќе бидат насочени кон инфраструктурата, образованието, здравството, железницата и енергетиката. Покрај финансирањето на дефицитот, државата догодина треба да ги сервисира и доспеаните долгови. За отплата на обврските се предвидени околу 689 милиони евра, а во март доспева и еврообврзницата од 500 милиони евра. За ново задолжување на домашниот пазар се планираат околу 600 милиони евра, додека на странските пазари се очекува задолжување од 1,3 милијарди евра преку еврообврзница и дополнителни околу 100 милиони евра преку кредити. Од Министерството уверуваат дека јавниот долг ќе остане под 60 проценти од БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаВласта и опозицијата се скараа за состојбата на студентскиот дом „Стив Наумов“Нови оштетувања во целосно реновираниот студентски дом Стив Наумов, а од СДСМ обвинија за несоодветно реновиарање. Студентскиот дом „Стив Наумов“ повторно во центарот на критиките. Само еден месец по реконструкцијата, прокиснати соби, пукнат бојлер и проблеми со греењето. Од Опозициската СДСМ обвинуваат дека студентите плаќаат повеќе, а добиваат услови далеку од ветените.Бараат достоинствено сместување и зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари. „Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски? Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер!“ Од друга страна, министерката за образование Весна Јаневска ги отфрла обвинувањата за лошите услови. Таа претходно посочи дека објектот е под гаранција и дека изведувачот ги отстранува утврдените недостатоци. Додека власта и опозицијата ги спротивставуваат ставовите, студентите очекуваат конкретни решенија, повисок студентски оброк од 200 денари и подобри услови за живот во студентските домови. Владата на студентите им понуди ваучерски систем за субвенциониран оброк, по примерот на Словенија, но договор за конечниот износ сè уште нема.Дополнително Јаневска најавува реконструкцијата на останатите студентските домови со цел и останатите објекти да добијат подобри услови за сместување и живот на студентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter