СветСитуацијата во Непал се смирува по назначувањето на новата премиерка Главниот град на Непал, Катманду постепено закрепнува од нередите на почетокот на неделата, по инаугурацијата на новата премиерка Сушила Карки, која треба да ја води земјата до изборите закажани за март.На улиците на Катманду, сега претежно без полициски час, оклопните воени возила и тенковите се помалку видливи, а металните ролетни на продавниците се кренати, пренесуваат светските агенции. Штандовите на пазарот повторно се отворени за купувачи, а храмовите за нивните верници. Во главниот град на Непал во понеделникот и вторникот се одржаа насилни анти-владини протести во кои, според најновиот полициски извештај, загинале најмалку 51 лице, а стотици се повредени. Во нередите беше запалена зградата на парламентот. Именувана во петокот вечерта по тридневни преговори, поранешната претседателка на Врховниот суд, 73-годишната Сушила Карки, брзо го почна својот мандат на чело на привремената влада. Од денеска работи на составување нова влада, изјавија официјални лица. Една од нејзините први задачи е да обезбеди ред и мир во целата земја. Ова вклучува апсење на околу 12.500 затвореници кои ги искористиле немирите за бегство од затвор и до денеска сè уште се на слобода. Претседателот Рамчандра Паудел нареди распуштање на парламентот и распиша избори за 5 март 2026 година, што беше едно од барањата на младите демонстранти обединети под знамето на „Генерација З“. Работната програма на првата жена на чело на Непал ќе биде густа, а нејзината мисија тешка со оглед на бројните барања на младите луѓе кои го соборија стариот режим, а нејзиното назначување многу Непалци го дочекаа со олеснување. Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ѝ испрати „најдобри желби“ на Карки. - Индија цврсто го поддржува мирот, напредокот и просперитетот во корист на непалскиот народ, напиша тој на X. Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter