Ситуацијата со НИС и понатаму неизвесна, Вучиќ најави за денеска важен состанок - Канал 5

Ситуацијата со НИС и понатаму неизвесна, Вучиќ најави за денеска важен состанок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска најави важен состанок за ситуацијата во Нафтената индустрија на Србија (НИС) чија рафинерија во Панчево официјално треба да биде исклучена утре доколку нема позитивен одговор од САД.

Ситуацијата со НИС и понатаму неизвесна, Вучиќ најави за денеска важен состанок

Од Стејт департментот и канцеларијата на OFAC зависи дали лиценцата за работа на НИС ќе биде продолжена и дали рафинеријата ќе продолжи да работи.

„Не можеме да одлучиме што да правиме во име на Русите...Ако лиценца од САД не добиеме, ќе мораме на различни начини да обезбедиме нафта и нафтени деривати во следниот период“, изјави Вучиќ.

„Ќе имаме важен состанок каде што ќе ги решиме сите тие проблеми. Сметаме дека Американците воопшто нема да се изјаснат, ќе кажат дека не добиле доволно информации и затоа чекаат и секако не им е грижа колку штета е направена во Србија. Русите не брзаат премногу бидејќи за нив најважно е нивниот имот да остане што е можно подолго, а дали ќе остане и како ќе биде кај нас е друго прашање“, рече Вучиќ.

Тој рече дека нема причина за паника кај граѓаните.

Веќе 54 денови се во сила американските санкции врз НИС што е во мнозинска сопственост на Русија.

Србија чека одговор од американскиот Стејт департмент и од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) за продолжување на лиценцата за НИС, додека рафинеријата во Панчево се уште е во фаза на топла циркулација, а државата го зголемува увозот на деривати.

Бојан Станиќ од Српската стопанска комора за РТС изјави дека би било големо разочарување доколку лиценцата за НИС не биде продолжена.

Доколку се случи негативно сценарио, тој вели дека запирањето на работата на рафинеријата за краток временски период нема да биде проблем. Сепак, тој истакнува дека сето ова ја намалува вредноста на НИС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Светската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. 

СЗО: Нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума.

Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа.

СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО.

На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО.

Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа.

Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер