СветСитуацијата на Блискиот Исток и натаму тензичнаНашето трпение е при крај, Иран безусловно да се предаде му порача Доналд Трамп на Иран во една од серијата пораки на социјалните мрежи по одржувањето на Советот за безбедност. Тој напиша дека знае каде е врховниот лидер Али Хамнеи и оти е лесна мета, но дека засега нема да биде убиен. може да се смета за безбеден. По досега најострите тонови кон Техеран угледниот CBC повикувајќи се на воени извори обајви дека Трамп серизоно размислува директно да ги вклучи САД во воената интервенција врз Иран. -Мислам дека веројатноста САД да се приклучи во оваа војна е многу поголема, отколку да ја запре. Се чини дека претседателот Трамп е импресиониран од почетните израелски постигнувања и сака да се вклучи и да ја заврши работата, бидејќи тој мисли дека би бил способен да ги собере заслугите. , изјави Али Ваез, меѓународна кризна група. Иранскиот врховен лидер, ајаталот Али Хамнеи го отфрли барањето на Трамп Иран доброволно да капитулира. Во изјава прочитана од телевизиски презентер, рече дека на Исламската Република не може да ѝ се наметне мир или војна. -Американците треба да знаат дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе биде придружена со непоправлива штета. Интелигентните луѓе кои го познаваат Иран и неговата историја никогаш нема да ѝ зборуваат на оваа нација со заканувачки јазик, бидејќи иранската нација нема да се предаде. Изјави Али Хамнеи, Врховен лидер на Иран. Првиот воен приоритет на Вашингтон, ако се вклучи во конфликтот, би бил да се уништи клучниот ирански нуклеарен погон за збогатување ураниум Фордо, кому израелските авиони засега не ми можат ништо зашто се наоѓа 60-ина метри под земја. САД ја имаат единствената бомба која може да пробие длабоко под земја. Станува збор за бомбата ГБУ-57, која експлодира два пати, еднаш за ја пробијат земјата, а вториот пат на одредена длабочина. -Оваа „бомба за уништување на бункери“ е 30 тони тешко оружје кое може да пробие во постројките за збогатување ураниум кои се закопани под планина околу 160 км јужно од Техеран. Израелците знаат каде се наоѓа, но не можат да стигнат до него, бидејќи немаат авион кој би носел бомба, а немаат ниту таква бомба. , Крис Улман, воен експерт. На терен состојбата останува непроменета. Иран соопшти дека прв пат го употребил хиперсоничниот балистички проектил „Фатах‑1“ и се пофали дека урнал дел од израелските воздушните одбранбени системи. Израел пак соопшти дека во операција во која биле вклучени 50 авиони биле погодени две ирански постројки за произведство на центрифуги кои служат за збогатување ураниум. Тагови: Израел Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотНа денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕидНа денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија. Тајна одлука за затворање на границата Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период. Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија. Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе. За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата. Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри. Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин. Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин. За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“ Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова. Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин. Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година. Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин. Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури. Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено. На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови. „Од кога?“ го праша новинарот. Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter