Сите воздивнуваат по неа додека не дознаат што се крие зад нејзиното тело! - Канал 5

Сите воздивнуваат по неа додека не дознаат што се крие зад нејзиното тело!

Фитнес инструкторката Дени Леви (38), има фасцинантно тело, а всушност е на прагот од шестиот месец од бременоста. 

Сите воздивнуваат по неа додека не дознаат што се крие зад нејзиното тело!

Имено, иако е на прагот од 24-тата недела од бременоста, таа наместо труднички стомак, има „плочки“ и ја носи облеката што ја носела пред да стане мајка.

Во мај, откако се вратила од службениот пат во Америка, се чувствувала лошо, па направила тест и дознала дека е во блажена состојба. Како и повеќето жени, таа се плашела да не се здебели во текот на бременоста, па решила да продолжи со вежбањето.

Таа редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и ги известува своите придружници во која недела од бременоста е.

Некои од вежбите Дани ги прилагодила на состојбата, но таа верува дека нејзиното бебе ужива додека таа вежба. Опишувајќи како изгледа нејзиниот ден, таа открива дека трча 3-4 пати неделно околу 7 километри или 40 минути. Исто така, таа вежба 3-4 пати во теретана, правејќи исклучиво вежби за нозете и градите, а ужива и во вежбие со тегови.

Кога станува збор за исхраната, таа, како и пред бременоста, се храни здраво и постојано се држи до неа.

- За појадок јадам омлет од овес или белка од јајце. За ручек најчесто јадам пилешко или туна со ориз, а повремено јадам сладолед или чоколадо. Навистина не се откажувам од ништо и внесувам помеѓу 2.000 и 2.500 калории дневно, исто како пред бременоста – објаснила Дени.

Таа вели дека е голем противник на митот дека трудницата треба да јаде за двајца.

- Бременоста треба да ви биде причина да се храните поздраво, а не да јадете повеќе.

Таа се надева дека ќе може да тренира до последната недела, бидејќи ако не вежба, тоа ѝ влијае на менталното здравје.

@dannilevyfit I’m #12weekspregnant and rakong you girls through #pregnancyworkouts week by week! This #glutesworkout ♬ original sound - Danni Levy

- Секако дека стомакот ќе ми порасне и ќе добиеме на тежина и јас и бебето. Ми кажаа дека во последните 3 месеци од бременоста можам да внесам дополнителни 300 калории. Ако сум повеќе гладна, секако дека ќе јадам повеќе - додала Дени.

Таа истакнува дека ова ќе биде нејзино прво и единствено дете бидејќи смета дека на прагот на четириесеттите години нема време за повеќе деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува

Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани?

СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува

Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи, зелки, домати, пиперки или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува? Или се принудени да ги ископачат или да ги сечат со моторни пили лозјата кои им се оставени во аманет од татковци и дедовци.

Силно светнал ден за платениците и тендерашите од власта кои го собираат кајмакот и кои си искешираа околу 5 милиони евра за концерти и забавни каравани кои движат низ државата и се наплатуваат повеќепати над реалните суми - за нив светнал ден, а не за обичниот народ кој ви ја даде довербата, кога ве гласаше верувајќи им на вашите лаги и предизборни ветувања во кои ветувавте сè и сешто за подобар стандард, а воопшто и не помисливте дека ќе треба барем нешто од тоа и да исполните.

Токму затоа што во моментот имате апсолутна власт и во ваши раце се и финансиите и мерките, за таа цел бараме и заслужуваме да знаеме. Свесни сме дека немате во план да помогнете и интервенирате во земјоделството и лозарството. Бараме и заслужуваме да знаеме во чии џебови завршуваат парите од народот кој редовно ви ги плаќа на име давачки на секој чекор. 5 милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза, и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби.

Бараме конкретни мерки за лозарството и итен интервентен откуп. Како лозарски крај, кој природата го надарила со благородно поднебје, не е во ред лозарите да го остават својот род да скапува заради вашата неспособност.

Каде сте?Наместо по концерти, каравани и прескапи игранки по сите градови и организирање на спектакли, требаше да бидете помеѓу лозарите. Само тогаш ќе бевте достојни да го цитирате Рацин. Доколку мислите дека ќе владее молк, сте се излажале.

Затоа што лозарите и нашиот народ се паметни и прават разлики во начинот на решавање на проблемите низ годините кога СДСМ беше на власт, кога и покрај навремените исплати на субвенциите за предвидените култури се воведе и мерката зелена нафта со која се помагаше на сите земјоделци, но вака како сега никогаш не било.

Уште еден многу битен момент кој народот го почувствува и од кој се променија многу работи е демократското изјаснување преку слободата на говорот на секој засегнат поединец. Затоа, уште еднаш би потенцирам од името на сите - нема да молчиме, нема да молчиме кога ни е засегнат народот и ќе продолжиме да ги бараме правата и мерките, затоа што финансиите во буџетот се јавни средства и сите заслужуваме одговор каде тие завршуваат.

Доколку како мерки и субвенции и олеснувања не се враќаат кон народот. Сакам нешто да порачам. Бидете подготвени. Народот ќе ви ја даде довербата и власта, но истиот тој народ кој го понижувате, одлично ги знае работите, и токму тој кој ви ја даде власта, тој и ќе ви ја одземе. Тогаш, до тој ден, скријте се и чекајте го револтот на земјоделците и лозарите. Е кога тој ден ќе дојде, ќе светне силно.

YouTube video

Прес конференција на Општинската организација на СДСМ, Валандово, Еми Заева – Костова -претседателка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.

Кампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!

Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите.

Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци.

Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме:

Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите.

И ТВОЈА Е!

Погледни. Слушни. Внимавај.

Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта.

#zeromeanslife

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер