МакедонијаСите во Украина, Демерџиев ќе ѝ донира генератори на Македонија -да не паѓал граничниот систем Техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев од црквата Свети Спас најави донација за тригенератори за струја во Македонија.Рече дека уште во понеделник ќе ги донираат генераторите за да немало проблеми со струја на граничните премини и да не се случувале прекини како денешниот двочасовен прекин на работата . „Добив објаснување од дека имале проблеми со струјата на граничните пунктови. За да нема такви проблеми во иднина веќе одвоивме три генератори за струја која ќе бидат за донирани (на Македонија) од Министерството за внатрешни работи. Тие ќе бидат донирани токму за овие три гранични пунктови за да немаат вакви проблеми во иднина. За жалење, ми беше кажано дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на проблемите.“ Како што е познато земјите од Европската Унија, како и нашата земја, досега донираа стотици генератори за електрична енергија во Украина, но не е познато дали Бугарија му доставила генератори на Киев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
ЗабаваВидео-Фото: Кајли Џенер во градник од 50 милиони долари, фановите бесниМладтата бизнисменка и член на кланот Кардашијан Шенер, атрактивната Кајли Џенер се појави во градник вреден 50 милиони долари, фановите бесни. .Провокативната Кајли Џенер ја изненади публиката со појавувањето на модната ревија на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, каде што за прв пат прошета по пистата носејќи го славниот „Фантази градник“ - луксузен градник украсен со дијаманти, за кој се проценува дека вреди дури 50 милиони долари. Риалити ѕвездата и бизнисменка изгледаше зачудувачки во спектакуларен ансамбл, комплетен со раскошни бели пердувести крилја. Сепак, нејзиното учество на ревијата во 2026 година предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а некои обожаватели дури повикаа на бојкот на модната манифестација, објавува „Дејли меил“. Одлуката на организаторите да ѝ го доверат на Кајли едно од најкултните парчиња во историјата на брендот предизвика најголеми негативни реакции. Многумина сметаат дека оваа чест требало да ѝ припадне на некоја од долгогодишните манекенки на „Victoria's Secret“. „Зошто Кајли Џенер?“ Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од незадоволни обожаватели, кои воопшто не го криеја своето разочарување од изборот на славната ријалити ѕвезда. „Ова е неприфатливо“, напиша еден корисник на социјалната мрежа X. Друг ја критикуваше креативната визија на брендот, сугерирајќи дека на „Victoria's Secret“ му снемало идеи, и додаде дека вклучувањето на семејството Кардашијан-Џенер дополнително го намалило гламурот што некогаш ја дефинираше оваа славна модна ревија. „Од сите луѓе на светот, зошто, по ѓаволите, ѝ го дадоа ’Fantasy Bra‘ на Кајли Џенер?“ – стоеше во еден од коментарите. https://www.instagram.com/p/DeqALDlE2Xi/?utm_source=ig_embed&img_index=1Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter