Сите што влегуваат во Велика Британија ќе мора да одат во двонеделен карантин

Се преземаат мерки за да се спречат увезени случаи кои би предизвикале повторно ширење на коронавирусот.

Во Велика Британија од 8 јуни за сите кои доаѓаат од странство е задолжителен 14-дневен карантин, вели британската министерка за внатрешни работи Прити Пател, за да се спречи ширењето на заразата на новиот коронавирус.

Сите кои доаѓаат од странство, вклучувајќи ги и британските државјани, ќе мораат да бидат во самоизолација 14 дена и да наведат каде за тоа време ќе се наоѓаат.

-Сега кога го надминавме врвот на заразата мораме да преземеме чекори за да се зачуваме од увезени случаи кои би предизвикале повторно ширење на оваа смртоносна болест, изјави Пател на конференција за медиуми.

Кој нема да ја почитува таа уредба може да биде казнет со казна до 1000 фунти.

Карантинот нема да биде задолжителен за оние кои доаѓаат од Република Ирска, возачите на камиони, медицинските работници и сезонските работници во земјоделството а мерката ќе се преиспитува на секој три недели.

Воведувањето на задолжителен карантин го критикуваа патничките агенции, а авиокомпаниите во Обединетото Кралство пред неколку недели предупредија дека таквата мерка би можела да предизвика големи штети во воздушниот сектор.

Словачка планира ново масовно тестирање

Словачка планира да спроведе втор масовен тест и да ги изолира позитивните во борбата против загрижувачкиот пораст на инфекцијата со коронавирус, рече министерот за здравство Марек Крајчи.

Владата е загрижена бидејќи бројот на новозаболени и на хоспитализирани расте од крајот на минатата година.

Според универзитетската болница „Џонс Хопкинс“Словачка има 222.752 заразени и 3.417 починати од ковид-19.

Вчера во болниците во Словачка имало 3.055 пациенти со ковид-19, што е забавено откако владата воведе делумно затворање, според Ројтерс.

„Сакаме да ги тестираме луѓето, да ги изолираме оние кои го шират вирусот, нивните контакти и со тоа да ја намалиме инфекцијата за 50 проценти“, изјави Крајчи.

Доколку тестот биде успешен, Словачка може да олесни некои епидемиолошки мерки на почетокот на февруари, рече Крајчи.

Системот за предупредување covid-19 во Словачка има шест нивоа обележани во боја и сега е во сила црната боја, што укажува на највисоко ниво на предупредување.

Словачка тестира 3,6 од вкупно 5,5 милиони Словаци во првиот круг на масовно тестирање на 31 октомври и 1 ноември, а вториот круг, закажан за почетокот на декември, беше одложен поради отпор и логистички тешкотии.

Учеството во масовното тестирање беше доброволно, но секој што не можел да даде негативен резултат од тестот, не смеел две недели да оди на работа.

Од корона почина легендарниот танчер на аргентинско танго

Легендарниот танчер на аргентинско танго, Хуан Карлос Копес починал вчера на 89-годишна возраст од компликации поврзани со ковид-19, објави неговото семејство.

„Сè се случи многу брзо, татко ми почина ... Тој ќе блеска засекогаш меѓу ѕвездите и засекогаш ќе остане запаметен во историјата на тангото“, објави неговата ќерка Јохана Копес на Фејсбук.

Хуан Карлос Копес, роден на 31 мај 1931 година во Буенос Аирес, се прослави со промовирање на аргентинското танго, страствен национален танц што го донесе на најголемите светски сцени.

Негова партнерка за танцување долго време беше легендарната Марија Нивес, со која беше во брак од 1964 до 1973 година и танцувале како двојка до 1997 година.

Неговата ќерка Јохана тргнала по стапките на нејзиниот татко и беше негов партнер за танцување скоро 20 години.

Кариерата ја завршил во 2015 година.

Насилни антивладини протести во повеќе градови во Тунис

Насилни протести, предизвикани од тешката економска состојба, избувнаа вчера вечер во најмалку шест туниски градови, вклучително и главниот град на Тунис и крајбрежниот град Сус, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјави на сведоци.

Протестите се одржуваат кога Тунис ја одбележува десетгодишнината од револуцијата што го симна починатиот претседател Зин Ел Абидин Бен Али.

Сведоците во Сус велат дека безбедносните сили фрлиле солзавец за да ги растераат стотиците лути демонстранти кои блокирале патишта и палеле гуми.

Безбедносни извори велат дека демонстранти во Сус упаднале во продавници. Судири се случиле и во градот Кала Кебира во близина на Сус.

Една деценија по револуцијата против невработеноста, сиромаштијата, корупцијата и неправдата, Тунис тргна кон демократија, но економската состојба се влошила и земјата сега се најде на раб на банкрот. Премиерот Хикем Меџиџи ја смени владата, со нови министри во министерствата за внатрешни работи, правда и енергетика.

притисни ентер