3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
ТенисСите се откажуваат од Бекер, Евроспорт му најде замена Поранешниот тенисер Миша Зверев, постариот брат на светскиот рекет број три Александар Зверев, е новиот стручен коментатор на Еуроспорт за Грен слем турнирот Ролан Гарос.Тој ќе го замени Борис Бекер, кој во април беше осуден пред судот во Лондон на две и пол години затвор за прикривање имот од стотици илјади фунти по прогласувањето банкрот. Еуроспорт објави дека Миша Зверев ќе ја работи истата работа како Бекер, односно како стручен коментатор ќе ги анализира натпреварите на парискиот Грен слем кој е закажан од 22 мај до 5 јуни. Бекер, трикратен победник на Вимблдон, работеше како стручен коментатор на Еуроспорт од 2017 година. Тој имал договор со Еуроспорт до 2023 година, а според Sport Bild, Eurosport размислува да ја продолжи соработката откако Бекер повторно ќе биде слободен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без водаМеѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост. Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука. Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители. Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни. За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШест активни пожари во Македонија, еден под контрола На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во ПрипорСпортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации. На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура. “Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска. Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти. „За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката. Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter