БалканСите се осомничени во случајот со исчезнувањето на Данка, наведуваат од полициската истрагаИстрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ е динамична, обемна и во неа се проверуваат сите можни факти и лица, изјави полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ.Таа додаде дека сите се осомничени, но дека не сака да лицитира со имиња, јави дописникот на МИА од Белград. Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во Бањско поле кај Бор, влезе во осмиот ден, а истрагата на територијата на Србија е проширена. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако на улица во Виена се појави видео од две жени со девојче кое изгледа како двегодишната Данка Илиќ како игра покрај нив. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора апелираше до граѓаните доколку имаат информации за Данка да го известат Интерпол. Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ како гостинка на Дневникот на РТС изјави дека не може да зборува за конкретни податоци од истрагата, но изјавила дека истрагата е многу динамична, обемна, со целосна координација од првиот ден. -Се вршат проверки на сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица кои можат да се доведат во каква било врска со споменатите настани. Како што е вообичаена полициска пракса во моментот кога дете е пријавено за исчезнато, првите мерки што се преземаат првенствено се однесуваат на обиколка и пребарување на теренот во најтесниот круг на местото на настанот, изјави Отовиќ Пјановиќ. Таа посочи дека истрагата и претресот на теренот не само што се вршеле во тој тесен круг на местото на инцидентот, туку е проширен и на сите можни гранични премини, приоди, патишта кои водат до граничните премини со цел да се елиминираат секаква можност некој да ја напуштил Србија. Таа наведе и дека се преземени сите можни снимки од сите можни камери, од сите можни правци, а проверки не се вршат само во Полициската управа во Бор и самиот град Бор, туку и во околните управи. -Секое лице кое поминало во која било насока и кое можело да се поврзе, во зависност од околностите, дали биле таму некаде во непосредна близина во моментот на исчезнувањето на девојчето, се доведува во полиција, се врши разговор, а елиминацијата ќе продолжи, се разбира, кога ќе го добиеме несомнениот факт дека некој не може да биде поврзан со извршување на некое дело, рече полицискиот мајор Отовиќ Пјановиќ. Како што кажа, истиот ден на терен биле специјалци од различни области на МВР, со координација на Управата за криминалистичка полиција. Зборувајќи за видео снимката во Виена, на кое се гледа девојче која личи на Данка Илиќ, таа рече дека се работи на проверка на автентичноста на наведеното видео. -Шефот на Службата за сузбивање на криминал стапил во директен контакт со човекот кој го доставил предметното видео за да можеме да видиме, бидејќи имавме многу лажни видеа и објави и слично, дали се работи за добронамерна или злонамерна личност. Човекот отиде, поднесе пријава со координација, рече Отовиќ Пјановиќ. Потоа следуваше распишување жолта потерница на Интерпол која се издава кога постои сомнение дека може да се најде исчезнато лице во Србија и надвор од Србија. На прашањето дали постои можност девојчето да е жртва на трговија со деца, таа кажа дека во моментов полицијата ништо не исклучува. Медиумите деновиве пишуваат дека девојчето можело да исчезне ден претходно, а полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ наведува дека на самиот почеток, кога едно лице се води за исчезнато, се проверуваат околностите и веродостојноста на пријавата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook