ЖивотСите сакале да избегаат од Аушвиц, тој доброволно заминал тамуКонечно стигнав до тоалетот. Моравме да ги предадеме сите работи. Ни ги избричија главите и влакната по целото тело. Потоа не испрскаа со ладна вода и почнаа да не удираат со тешка палка. Исплукав два заба и почна крв да ми тече. Така станав пасош број 4895.Со овие зборови еден полски војник и член на оторот од времето на Втората светска војна го опишува своето доаѓање во Аушвиц. Сепак, тој не бил обичен војник, ниту обичен логораш. Неговиот живот историјата го памети како херојски, а неговото име ќе остане засекогаш како симбол за храброст и жртва. Се викал Витолд Пилецки и бил еден од ретките луѓе кои во озлогласениот логор на смртта заминал по своја волја. Во 1940 година не се знаело многу за Аушвив. Се верувало дека тоа е камп за воени заробеници, а стравичната вистина која се криела зад капијата за светот се уште била тајна. Додека не се појавил тој Пилецки на татковината и служел како член на движењето за отпор, а кога за најпознатиот логор почнале да кружат приказни кои однадвор не било возможно да се проверат, сфатил дека му преостанува само едно. Имал полни 40 години кога го предизвикал сопственото апсење, после кое, заедно со други заробеници, завршил во Аушвиц. Меѓутоа, таму не бил како другите. Убеден дека сојузниците брзо ќе ја ослободат Полска, планот му бил за нив да собере што повеќе податоци кои би послужиле како доказ за ѕверствата на окупаторот. Меѓу затворениците се инфилтрирал под лажното име Томаш Серафински. Не можел да претпостави што го чека. Во затворот развил вистинска шпионска мрежа на отпорот, која криумчарела храна, лекови, пораки и подготвувала бунт. Првиот усмен извештај од Аушвиц го испратил во ноември 1940 година, по еден затвореник кој бил пуштен од логорот. Така сведоштво за монструозниот затвор за прв пат дошло до рацете на сојузниците. Сепак, приказните за гасните комори, крематориуми, смртоносни инфекции, мачења и изгладнувања, како за физичката тортура, надвор биле дочекани со неверување. Времето минувало, а помош не пристигнувала. Полсе речиси три години во еден од најстрашните затвори во историјата, храбриот полски војник сфатил дека веќе не може да издржи. Бил подготвен за бунт, го посакувал, се надевал на сигнал од надворешниот свет. Но наредба не стигнувала, па тогаш решил да помогне. Неговото бегство било долго планирано и подготвувано. Не било лесно да добие информација дека заробеници и претходно бегале од Аушвиц. Шансата ја видел во пекарата која се наоѓала на околу два километри од самиот логор и во која успеал да се вработи во април 1943 година. И покрај пукотниците од германските војници, успеал да избега од канџите на логорот и конечно да биде слободен. Тој во меѓувреме станал војник на тајната татковинска армија, па како нејзин член своето делување го продолжил и надвор. Сепак, ова не е крај на мачната одисеја на Пилецки. По протерувањето на германците од Полска, земјата ја окупирал нов владетел – Советкиот сојуз. Тој никако не можел да прифати ново ропство. Поради тоа продолжил да се бори и против новиот окупатор. Тој бил уапсен и осуден за предавство во 1948 година, па погребан во масовна гробница. Во следните 40 години комунистичкиот режим сторил се за да се избрише историјата за овој херој. Неговото име не се споменувало, а неговите дела биле држени далеку од очите на јавноста, како никогаш и да не постоел. Дури после уривањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година светот бил подготвен за сеќавање на неговата жртва. Следната 1990 година, по падот на комунизмот, бил судски рехабилитиран, а во 2000 година за прв пат било издадено обемно дело за неговите извештаи за Аушвиц. Во 2006 година постхумно му е доделен орден Бел орел, највисоко признание во Полска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter