Сите сакаат да ја видат секси Кајли Џенер во спотот на Карди Би (ВИДЕО) - Канал 5

Сите сакаат да ја видат секси Кајли Џенер во спотот на Карди Би (ВИДЕО)

Страница за забава за возрасни ги објави податоците за пребарување на корисниците откако е објавен спотот на новата песна „WAP“ на раперките Карди Би и Меган Ти Сталион.

Сите сакаат да ја видат секси Кајли Џенер во спотот на Карди Би (ВИДЕО)

Резултатите од пребарувањето покажале дека за видеото има многу поголем интерес за раперките , но и за милијардерката Кајли Џенер , која глуми во спотот.

Музичкото видео за песната собра повеќе од 80 милиони прегледи за само пет дена.

И покрај експлицитните текстови, сцени и тесните костуми, некои фанови сепак сакаа да видат многу повеќе од Кајли, Карди и Меган.

Податоците покажуваат дека побарувачката за Карди Б се зголемила за 235 проценти во однос на дневниот просек, додека за Меган се зголемила за 210 проценти.

Кајли беше една од убавите жени што Карди и Меган ја посакуваа во своето видео, а потрагата по неа скокна за 130 проценти откако беше објавено видеото.

YouTube video

Карди и Кајли стануваат сè попопуларни во пребарувањата на места за забава за возрасни, а во 2019 година, Карди беше дури и трета најбарана славна личност, веднаш зад Бел Долфин и Ким Кардашијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Почина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување.

Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите.

Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје.

Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето.

YouTube video

Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер