Сите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката - Канал 5

Сите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката

Заврши огласот за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со што петмина обвинители официјално поднеле кандидатури.

Сите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката

Советот на јавните обвинители денеска на седница формираше комисија за подготовка на кандидатските листи која во следните три дена треба да провери кој од нив ги исполнува законските услови, и кој би влегол во трката, а формирашѓе и комисија за спроведување на изборот.

-Официјално се пријавија пет кандидати, јавноста веќе ги знае. Значи за тие пет кандидати сега комисијата ќе разгледа дали ги исполнуваат условите согласно закон согласно огласот и ќе ги објават во рок од три дена. Потоа веќе е закажан изборот за 20 октомври. – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО

За позицијата, како што и самите потврдија, се кандидираа вишите обвинители од скопско Јове Цветановски и Трајче Пеливанов кој е и поранешен обвинител во СЈО. Потоа обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителките од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

За обвинителот Цветановски, неодамна заврши и дисциплинската постапка која се водеше против него а ја покрена екс државниот обвинител Љупчо Коцевски. Дисциплинската комисија ја укина претходно изречената казна и не утврди одговорност, со што му се отвори патот да конкурира за раководната позиција на ојо гокк... Тој како виш обвинител по приговорот на АД ЕСМ, даде мислење да продолжи прекинатата истрага за мазутот во ТЕЦ Неготино која претходно беше прекината откако ова обвинителство не најде штета на државниот буџет.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески најавил дека нема да ја обжали одлуката на комисијата.

-Одлуката ја примив. Нема да поднесам а освен тоа рокот за поднесување жалба е истечен. – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ

На 28 октомври ќе се спроведе гласањето за нов шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази. За петтемина кандидати ќе гласаат сите јавни обвинители во државата, односно околу 160 обвинители од сите јавни обвинителства. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе го именува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

„Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок

Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.

Руските бродови пристигнаа:  Велика Британија во шок

Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли.

Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата.

Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата.

Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, објави на совјот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер