АвтомобилизамСите нови европски модели на „Нисан“ ќе бидат целосно електричниАвтопроизводителот „Нисан мотор ко“ објави дека сите негови нови модели за пазарот на Европа ќе бидат целосно електрични и оти во иднина се планираат само електрични возила (ЕВ) на „Стариот Континент“ до 2030 година. Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека еден од двата нови модели на електромобили што веќе ги потврди за Западот ќе биде произведен во неговата фабрика во Сандерленд, Англија. - Сега нема враќање назад. Сите нови модели на „Нисан“ за во Европа отсега ќе бидат целосно електрични, изјави извршниот директор на Ниссан, Макото Учида. Производителите на автомобили се жалат дека непочитувањето на „правилата за потекло“ утврдени во договорот за „Брегзит“ меѓу Велика Британија и Европската Унија може да доведе до царини од 10 отсто за електричните возила со коишто се тргува меѓу блокот и Велика Британија уште во јануари. Од друга страна, претседателот на „Нисан“ за Африка, Блискиот Исток, Индија, Европа и Океанија, Гијом Картие изјави дека електромобилите произведени во Сандерленд ќе ги исполнуваат тие правила. Колин Вокер, шеф за транспорт во Единицата за информации за енергијата и климата (ЕЦИУ), истакна дека регулаторната сигурност е клучен елемент за компаниите да одлучат каде да произведуваат електрични возила. Одлуката на „Нисан“, според него, се заснова на јасното сознание дека европскиот и британскиот пазар се префрлаат на електрични возила, и тоа прилиочно брзо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook