Сите настани на „Охридско лето" ќе се одржуваат пред строго определен број посетители

Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема, но и задоволството кога знаете дека сте успеале во време кога се откажуваат големи светски фестивали.

Сите музичко-сценски содржини предвидени во програмата на годинешното јубилејно 60 издание на „Охридско лето" ќе се одржуваат според однапред утврдените протоколи за безбедност, во насока на заштита на здравјето како на публиката. така и на уметниците.

Како што беше појаснето на денешната прес-конференција на која беше презентирана фестивалската програма, врвен приоритет на Институцијата е грижата за јавното здравје.

– Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема, но и задоволството кога знаете дека сте успеале во време кога се откажуваат големи светски фестивали. Инсистирав и не сакав да постапам различно од Комисијата за здравство. Подготовките околу протоколите зедоа време, затоа ова година беше невеозможно фестивалот да почне на 12 јули. Речиси сите фестивали во светот се откажани, откажани се и Олимписките игри. Не сакавме да настапи ниту еден уметник без дозвола или без соодветен протокол, истакна директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ.

Селекторката на музичката програма Даница Стојанова ја искористи можноста да им се извини на сите верни љубители на фестивалот, како и на бројната публика доколку нема да бидат во можност да присуствуваат во поголем број на концерните вечери.

– Поради големите органичувања на бројот седишта и поради протоколот од Комисијата за заразни болести околу заштитните мерки, Дирекцијата на „Охридско лето" во ниту еден момент нема да може ниту ќе дозволи публика повеќе од дозволеното, рече таа.

Поради епидемијата на коронавирусот годинешното „Охридско лето", после бројни измени во програмскиот дел и со постојано следење на ситуацијата наметната од Ковид-19, наместо во редовниот термин од 12 јули до 20 август ќе се одржува од 4 до 30 август.

Италијаните му продале заштитен остров на Украинец за 10 милиони евра

Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за повеќе од 10 милиони евра на украинскиот бизнисмен Александар Богуслаев, јавија денес италијанските медиуми.

Според Кориере дела Сера, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бијачеслав Богуслајев, сопственик на компанија која била лидер во производството на мотори за авиони и хеликоптери.

Куќите во форма на желка на островот, кои се наоѓале на 1,5 километар крај брегот на Лигурија меѓу Аласија и Албенка, некогаш припаѓале на Римокатоличката црква, а во последните 150 години на богатите банкари и индустријалци, бидејќи биле приватизирани.

Весникот наведува дека тој потпишал договор со претставниците на девет семејства од Лигурија и Пиемонте, кои биле сопственици во последните 40 години.

Се додава дека Александар Богуслајев поседува недвижен имот и на југот на Франција.

Островот е прогласен за заштитен парк на природата и не е достапен за туристите , пишува„ Кориере дела Сера “.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

притисни ентер