На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
1На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
ЗабаваСите ѝ се смеат на Кардашијан за обетките: Врши ли наплата со нив? (ФОТО)Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е цел на шеги за нејзините обетки Balenciaga од 425 долари, кои изгледаат како мали кредитни картички.41-годишната мајка и претприемач беше видена со интересен моден детал при пристигнувањето на снимањето на шоуто „Добро утро Америка“ во Њујорк, а голем број корисници на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да се пошегуваат на сметка на нејзината модна појава. . „Какви се тие обетки на Ким Кардашијан? Кредитни картички? Дали со нив се плаќа бесконтактно?“, гласи еден од коментарите на Твитер. „Дали со глава ги допира ПОС уредите? Како функционира тоа?“, додаваат. WTF is @KimKardashian wearing for her earrings? Credit cards? Are they contactless pay enabled? Does she tap to pay with her head at the payment terminal? How does that work? @GMA #GoodMorningAmerica #GMA #KardashianPay #TheKardashians pic.twitter.com/zkuIF6oUmL — TheGOATisBack (@SocialTexan) September 20, 2022 „Ким Кардашијан носи ужасно грди обетки за да ги спречи луѓето да ја гледаат нејзината ужасно грда коса“, додаде трет. Kim Kardashian's credit card earrings cause a stir https://t.co/qSK7UKDIrZ pic.twitter.com/Pviqa21KgZ — Page Six (@PageSix) September 21, 2022 „Зошто Баленсијага инсистира да нè опсипе со буквално ѓубре? Прво кеси за ѓубре, па чевли од пластични шишиња и сега Ким Кардашијан со овие обетки што личат на кредитни картички?“, коментира еден корисник на Твитер. Why does @BALENCIAGA insist on trolling us with literal garbage 🤣? First the trash bag, then plastic bottle shoes now #KimKardashian's credit card earrings? pic.twitter.com/qSxYm8VCvW — Mariana Leung (She/her) (@MarianaByDesign) September 20, 2022 „Ким, какви и да се тие обетки, без разлика на нивната цена, само извади ги и фрли ги“, додаде друг. Kim Kardashian shows off her slender frame in polo neck and tiger trousers while wearing huge statement earrings https://t.co/8KW4dPjv5y — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 20, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЗдравјеНа Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилствоПовеќе пациенти, повеќе трауми од стрес, сè потешки последици од семејното насилство врз жени и девојки. Само за седум месеци годинава, на Клиниката за психијатрија се евидентирани 101 лице со психички стрес поврзан со семејно или партнерско насилство. За споредба, тое речиси двојно повеќе во однос во целата 2025 година кога биле регистрирани 79 вакви случаи. Податоците од анализата ги презентираше професорката Славица Арсова директор на клиника за психијатрија. Најмногу случаи биле евидентирани во март – 27, во април – 23, а во јуни уште 21. Овие бројки временски се совпаѓаат со трагичниот настан во Скопје, кога мајка со своето дете скокна од балкон по долгогодишно семејно насилство. Жртвите доаѓаат од различни возрасни групи. Просечната возраст е 40 години, но меѓу пациентите има и 19 малолетници, како и 29 лица постари од 60 години а жените жртви се трипати побројни од мажите. Од Клиниката посочуваат дека овие податоци не се показател дека насилството нужно се зголемува, бидејќи врз бројот на евидентирани случаи влијаат и препознавањето, документирањето и упатувањето на жртвите. Но, статистиката на МВР покажува дека расте и бројот на пријави за семејно насилство. Од 4.421 пријава во 2022 година, бројката во 2025 година достигнала 5.436 – зголемување од 23 проценти. Минатата година најчесто како жртви биле евидентирани сопруги, родители и поранешни брачни партнери. Регистрирани биле и 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство. Зад статистиката се луѓе со сериозни психички последици, на кои често им е потребна стручна помош и заштита. Затоа, психијатрите ја нагласуваат потребата здравствените работници навреме да го препознаат насилството, да разговараат со пациентите за нивната безбедност и да ги вклучат надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
БалканАлбанија ја „преживеа“ најпеколната ноќ од антивладините протеститеНови тензии и приведувања во централниот дел на Тирана.Полицијата продолжува да ги приведува демонстрантите по синоќешните судири каде демонстрантите фрлаа камења, молотови коктели и огномет на што полицијата одговори со солзавец, водени топови и гумени куршуми. Премиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите, но и обвини за „странско влијание„ позади протестите. -Ниту една држава – ама баш ниту една – не може да издржи ваква ситуација. Држава што ќе подлегне на ваква ситуација не би можела да се опорави со години, и години, и години. Затоа, ајде да застанеме и да размислиме. Затоа ги повикувам сите што сакаат да стапат во дијалог, сите што сакаат да воспостават контакт, сите што сакаат да разговараат – со камери или без, со фотографии или без – во кабинетот на премиерот, на универзитетот, каде и да сакате. Ајде да седнеме и да разговараме за тоа кои сте вие, што сакате и што можеме да направиме за вас. Како можеме да ги подобриме работите – секако, без сомнение. Но, немојте да ги следите оние – младите момчиња и девојки – кои одат таму не за да протестираат, туку носат камења и маски со себе. А потоа се жалат дека полицијата ги повредила. Па, не може да се игра балет.- Еди Рама, премиер на Албанија Началникот на полицијата, Скендер Хита, објави дека во текот на овие пет дена спровеле 167 апсења, додека албанските медиуми објавуваат дека таа бројка преминува над 1000. Според албанското Министерство за здравство, вкупниот број на повредени лица достигна 272, од кои 169 се полицајци. Илјадници луѓе од пошироко антивладино движење, меѓу кои средношколци и студенти, протестираат веќе шестти ден против наводната корупција, невработеноста и ниските образовни стандарди, барајќи итна оставка од Рама. -Еди Рама мора да поднесе оставка. Веднаш. Инаку, некој може овде да загине. Некои работи мора да се променат. Кога на мирен начин нема да добиеме одговор, мораме да реагираме на овој начин, за жал. Полицијата не сака да зборува со нас. Само фрлаат солзавец во количина која што не сум ја видел претходно. Во Франција пак локалните власти денеска ги проценуваат материјалните штети по вчерашните демонстрации преку 110 маршеви низ државата, со одѕив проценет на 550.000 од Министерството за внатрешни работи но според организаторите бројката се движи над 800.000. Насилни судири, грабежи и пожари беа пријавени во Париз, Лион, Марсеј и Лимож, каде што беше запалено и градското собрание. -Денеска со инфлацијата е многу тешко да си ги дозволиме основните нешта за живот. Затоа сум тука за да ја покажам мојата поддршка. Претседателот Емануел Макрон, кој го чекаат редовни избори за шест месеци, се огласи на социјалните мрежи, ветувајќи дека ќе ги гони одговорните. -Оние кои вандализираа и нападнаа владини згради и бизниси, па дури и ги ограбија нашите општински собранија, ќе бидат гонети и казнети. Сите ќе застанеме обединети против сејачите на хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние кои мирно ги изразуваат своите барања да го сторат тоа.- Емануел Макрон, претседател на Франција Првично фокусирани на образованието, протестите во Франција се проширија и на незадоволството поради зголемувањето на трошоците за живот, проблемот со домувањето, социјалната нееднаквост како и влошувањето на јавните услуги. Токму овој револт е и причина за протестите кои иако со помал интензитет деновиве почнаа да се одвиваат и во Италија, Португалија и Белгија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на МихаиловаНе можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков.Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков во интервју за бугарската телевизија bTV. Негираше дека знаел за планот за бегство на Михаилова и иако подвлече дека не може да го поддржи начинот на кој таа ја напуштила Македонија, Радуков посочи оти го разбирал нејзиниот очај поради ниската доверба во македонските институции. Тој изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија набројувајќи ги судските ограничувања, одземените патни исправи и полициските мерки што, според него, постојано биле применувани. -Нема како да не разбереме дека од неа се бара да има доверба во еден систем, во кој општеството има доверба некаде околу 2 проценти. ... Пред нејзиниот дом редовно имаше униформирана полициска патрола, а и да излезеше ја придружуваа полициски службеници во цивилна облека. И Вие како новинари забележавте дека за време на судските рочишта во Кочани таа споделуваше дека во ноќните часови имало дронови над нејзината куќа. И одеднаш сето тоа, на некаков начин, исчезнува и таа ја преминува границата? Ајде, Ве молам! Значи нема едно такво излегување од земјата при сите тие превентивни мерки што ги опишавте да остане незабележана од тамошните власти? Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било усогласено. - Желјазко Радуков - амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ива Михаилова цела недела е во болницата „Пирогов“ во Софија, а според бугарските медиуми таму ќе остане до почетокот на следнава седмица. Од здравствената установа посочуваат дека се прават дополнителни високоспецијализирани испитувања за да се разјасни нејзината здравствена состојба, по што ќе се процени како ќе продолжи нејзиното лекување. Во меѓувреме, претставници од Министерството за здравство утре ќе остварат средба со бугарските здравствени власти и ќе разговараат за случајот, бидејќи нејзиното бегство се случи токму кога беше договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија. Додека Бугарија нема намера да ја екстрадира, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето на одговорност за случајот со Ива Михаилова. Иако Бугарија тврди дека нема да ја даде назад, македонските власти велат дека располагаат со механизми и најавија дека околностите околу нејзиното заминување, како и за случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook