ЗабаваСите гледаат во нозете на овој човек и плачат од смеа! (видео)Урнебесна снимка ги „запали“ мрежите...За да стигнат од дома до работа повеќето луѓе користат јавен превоз или сопствено возило. Велосипедите и електричните скутери се сè попопуларни како превозни средства за доаѓање на работа, корисни се и за одржување на физичката форма, но и за избегнување на сообраќајниот метеж. Но, едно момче се досетило да стигне на работа на необичен начин, па како преввозно средство употребило нешто што е помеѓу ролери и скејт. За да се движи, тој мора да врти педали, а за тоа е потребна сила и вештина. Единствен проблем е што оваа справа се движи бавно, па многумина забележале дека побргу би се движел пеш и дека така сигурно не би задоцнил на работа. Меѓутоа, момчето на видеото, не се откажува, туку самоуверено ги врти педалите додека луѓето го гледаат зачудено. Некои дури застануваат за одблизу да погледнат што вози. Ова смешно видео предизвика големо внимание, но и смеа на социјалните мрежи. Многумина на овој човек му порачаа дека вака сигурно ќе задоцни на работа и дека најверојатно доколку би тргнал пеш, побргу би стигнал до својата дестинација. - Пешачењето е побрзо и не бара многу труд. - Кога сакаш да задоцниш на работа. - Кардио тренинг. - Моите колена не би можеле вака... - Се гледаме следната недела - беа дел од коментарите. Оваа сцена прилично ги насмеа корисниците на Тикток. Според многумина момчето паметно се досетило времето пред работа да го помине во вежбање. Некои коментираа дека веројатно тргнал порано од дома знаејќи дека му треба подолго време да стигне на работа, но и дека сигурно ќе направи нешто корисно за себе и својата форма. И покрај тоа што многумина искоментирале дека на човекот треба да му се оддаде признае за трпението да „ја вози“ оваа направа, повеќето од нив се насмеале и признале дека оваа снимка сепак им го разубавела денот. @wiliam_ph1 ♬ original sound - wiliam_ph Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook