Шоу бизСите гледаа во Марго Роби во проѕирен корсет на премиерата во Лос Анџелес Марго Роби (33) го украде вниманието на премиерата на новиот филм на Фенел Солтбурн во Лос Анџелес, Емералд.Актерката номинирана за Оскар заслепуваше во црн проѕирен корсет без прерамки, придружувана од нејзиниот сопруг Том Акерли, со кого се омажи во 2013 година. Нејзината продукциска компанија LuckyChap Entertainment продуцираше нов филм од Amazon и MGM Studios напишан и режиран од оскаровката Фенел, сместен во Англија и за двајца млади мажи кои одат на Универзитетот Оксфорд во средината на 2000-тите. Инаку, познатиот магазин Максим ја прогласи Марго Роби за најубава и најуспешна жена во 2023 година. Оваа година актерката беше личност за која не престана да се зборува - а тоа е поради нејзината улога во филмот Барби. Покрај тоа што ја оживеа популарната детска кукла, Роби и го продуцираше филмот. Variety дознава дека Марго добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби. Таа беше најплатената актерка во 2022 година, благодарение на Барби. Таа плата го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за Birds of Pray од 2020 година, во кој глуми Харли Квин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеофицијални детали за случајот со тепаните момчињаМВР детално ќе го расчисти случајот во кој две момчиња биле претепани од полициски службеници на почетокот на неделата.Како што пишуваат дел од порталите повикувајќи се на полициски извори, случајот немал меѓуетничка компонента имајќи предвид дека и полицискиот службеник кој постапувал но и момчињата кои пријавиле насилство биле етнички Албанци. Според истите информации, истрагата досега покажала дека полицаецот, кој наводно бил вработен во Крим полиција најверојатно ги пречекорил своите полициски овластувања, па според се уште неофицијалните информации, се очекува МВР против него да изрече соодветни санкции. Случајот го отвори партијата дуи која во писмено соопштение побара одговорност. МВР и официјално потврди дека внатрешната контрола работи на овој случај и дека по завршувањето на истрагата ќе има соодветна постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски најава дека скопското кале по децении запуштеност ќе биде конечно уреденоЌе добие ли скопското Кале лик каков што заслужува како една од најпознатите туристички дестинации во главниот град? За следната година се очекува и официјално да се отворат вратите на двата музеи кои сега се во завршна градежна фаза- Музејот на праисторија и Музејот на османлиското наследство. Надлежните уверуваат дека се тече според планот и овие музејски поставки ќе бидат дел од понудата на градот од иницијативата Скопје- Европска престолнина на културата. „ Археолошки музеј ќе стопанисува со двата објекта, ќе го решат ентериерниот дел и предметите за коишто споменав дека буквално беа оставени во субстандардни услови. Ќе бидат изложени да можат да ја раскажат приказната што со години се случувало на археолошкиот локалитет Кале. “-Весела Честоева – директорка на Управа за заштита на културно наследство. „ Со одлука на Влада, Националниот археолошки музеј ги доби предметите коишто се прибавени при археолошките истражувања на скопската тврдина Кале и моментално работи на она што значи концепт и што ќе биде презентирано во Музејот на османслиското наследство и Музејот на праисторијата. “-Магдалена Манаскова – директорка на Археолошки музеј. Според најавите, калето во иднина ќе се средува и од хортикултурен аспект, за достоинствено да се прикажат знаменитостите на Скопје пред домашните и странските туристи кои доаѓаат и во организирани тури. Оваа тврдина е од средниот век, а истражувањата покажале дека остатоците укажуваат на населување и обновување во различни периоди уште од праисторијата. Во минатото имала стратешка одбранбена улога, а денес претставува културно наследство на главниот град. Тагови: скопско кале Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царинските службеници, во заедничка акција со полицијата, спречија обид за шверц на седум млади змии и еден егзотичен гуштер, сокриени во автомобил управуван од косовски државјанин. Според информациите на царинска управа, станува збор за заштитени видови на змии, кои лицето се обидело да ги сокрие под седиште. -Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Царинската управа известува дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес. - Царинска управа. Од Царинската управа информираат дека влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена соодветна постапка. Од институцијата потсетуваат и дека за внесување и трговија со заштитени видови дива флора и фауна, се потребни соодветни дозволи, согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook