ЗдравјеСите дерматолошки и естетски процедури на едно место-Центар за перфекција на „Аџибадем Систинa“Опремен со најмодерна современа медицинска технологија, можност за изведување на секаков вид дерматолошки и естетски процедуриОпремен со најмодерна современа медицинска технологија, можност за изведување на секаков вид дерматолошки и естетски процедури од страна на врвен и искусен тим од дерматовенеролози, пластични и реконструктивни хирурзи нуди Центарот за перфекција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во рамки на Центарот во нови и најмодерно опремени простории распространети на површина од 177 метри квадратни функционира Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија, кој располага со дерматолошки амбуланти, три соби за ласерски третмани и кабинет за дерматоскопија, а во склоп на центарот е и одделот за естетска пластична и реконструктивна хирургија. Центарот за перфекција е место каде што пациентите можат да добијат интегриран пристап во дијагнозата и третманот - од хемиски пилинзи, сите видови козметички и процедури против стареење, ласерски процедури, пресадување коса, па сè до хируршки естетски зафати и медицинско-реконструктивни процедури. Центарот е опремен со најсовремена технологија по примерот на светските клиники за хирургија од овој вид и во него работи високостручен и професионалниот тим составен од искусни дерматовенеролози и пластични хирурзи. Тимот специјалисти соработува со доктори од другите специјалности со цел пациентите да добијат висококвалитетна медицинска грижа и посакувани резултати. Врвен оддел за дерматовенерологија и естетска дерматологија На одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија за пациенти достапни се минимално инванзивните методи за подмладување, како што се ботокс, филери за лице, PRP-процедура, мезотерапија, ултразвучна кавитација, како и сите видови хемиски пилинзи од врвниот американски бренд NeoStrata. Одделот нуди и целосна здравствена услуга од областа на дерматовенерологијата преку изведување на клинички прегледи, дермоскопија на бенки и тумори на кожата, алерголошки тестови- кожни и лабораториски преку крв, биопсии на нејасни кожни промени, отстранување на вирусни израстоци со криотерапија и ласерска аблација на истите, употреба на фототерапија, микролошки иследувања за откривање габични инфекции, а располага и со „мол мапинг” дигиталната техника за бележење на пигментните обележја на кожата за ефективно откривање на меланом - најопасниот рак на кожата. Сите видови ласерски третмани и ласерска епилација Центарот за перфекција располага со палета на ласери за различни дерматолошки состојби и естетски проблеми. Располагаме со фракционен јаглерод диоксид ласер кој е златен стандард за подмладување и третман на лузни од акни, но и за мали оперативни зафати на израстоци на кожата, понатаму Er -YAG ласер за оперативни и естетски зафати на кожата, третмани на васкуларни проблеми на кожата со Nd YAG ласер- отстранување на хемангиоми и капилари на кожата, диоден ласер за третман на зголемена влакнетост и нокти. Центарот за перфекција нуди и трајно решение за несаканите влакна со најсовремениот ласер за епилација. Просечен број на третмани за ласерска епилација се 6 сесии. Со воведувањето на најсовремените ласерски третмани за подмладување и нега на кожата Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија стана и пионер во имплементацијата на бројни естетски процедури. Во делот на естетската дерматологија се користат исклучиво врвни светски брендови за апликација на ботулинум токсин, пополнувачи (филери) на ткивата и останати третмани. Естетска, пластична и реконструктивна хирургија На Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија се изведуваат сите видови естетски процедури, како што се зголемување, намалување или подигнување гради со импланти, суспензија на гради, аугментација (зголемување на задник), затегнување на надлактици и натколеници, дерматолипектомија, естетска корекција на уши, блефаропластика на очни капаци, cat-eyes surgery, дермато-липектомија на стомак, липосукција и липофилинг на сите регии, хименопластика, гинекомастија, како и сите видови на процедури против стареење full facelifting (затегање на целото лице), frontal lifting (подигање на чело), temporal lifting (затегање на слепоочниот дел) и neck lifting (затегање на вратот). За пациентите предвидени се бесплатни естетски консултации со врвен специјалист по пластична и реконструктивна хирургија. Реконструкција на гради по целосна мастектомија Освен естетски хируршки зафати, во Центарот за перфекција се изведуваат и реконструктивни оперативни зафати кои подразбираат корекција на физичките недостатоци, деформитети или абнормалности без разлика дали се работи за вродени аномалии или, пак, се предизвикани како резултат на повреда или болест. Реконструктивната хирургија опфаќа хирургија на дланка, хирургија на тетивен апарат на подлактица и потколеница со стапало, хирургија на периферни нерви, хируршки третман на површински тумори на глава и врат, третман на изгореници. Центарот за перфекција при „Аџибадем Систина“ нуди и можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката. Реконструкцијата на дојката може да се изведе во еден акт под иста анестезија веднаш по мастектомијата со имплантација на силиконски имплант или најрано 6 месеци по мастектомијата во консултација со торакален хирург и онколог, доколку состојбата на пациентката тоа го дозволува. Реконструктивните третмани помагаат за подигнување на самодовербата на жената и намалување на психичките трауми од самата интервенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месецаОпштина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад.Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден транспорт до „Дрисла“ за симболичен надоместок. Работиме за почист Аеродром, но чистата животна средина е заедничка одговорност. Да не создаваме диви депонии, да ги користиме достапните услуги и да го чуваме местото во кое живееме. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСнимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со видеа од ноќно излегување во еден белградски ресторан. Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс. Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Пее песна на Оливер Драгојевиќ Вучиќ на социјалните мрежи објави видеа од собирот, а на нив може да се види како пее, разговара со публиката и ужива во весела атмосфера. Во текот на вечерта беше испеана и песната на Оливер Драгојевиќ „A sad adio“. Pijan ko letva peva a sad adio,usne mu pocrnile od vina.Katastrofa na šta liči čovek koji je vodio ovu zemlju vodio 14 godina. https://t.co/ySr3RJJJmZ — Александар Радић (@salleradic1985) November 6, 2026 Но, додека некои го коментираа неговиот настап и доброто расположение, други се прашуваа дали тој испил уште неколку пијачки во текот на вечерта. „Дали е пијан? праша еден корисник на социјалните мрежи. „Пијан како кафеана пее „Тажно адио“, усните му се поцрнети од виното. Катастрофа што личи на човек кој ја водел оваа земја 14 години“, напишал друг корисник. 🍷 Vučić was singing and partying — then suddenly looked miserable in the middle of a party in Belgrade On the evening of November 6, former Serbian president visited the Savanova restaurant, also known as “Ćaci bar.” The informal gathering was organized by Dragan J. Vučićević, editor-in-chief of the tabloid Informer. Vučić himself shared a video from the event on Instagram. At first, he was singing and having fun with Informer staff and supporters. Then he suddenly went quiet and stared into space with the expression of someone who had just remembered the election results. — NEXTA (@nexta_tv) November 7, 2026 Од песна и радост до празни погледи Посебно внимание привлече видеото што го сподели новинската агенција NEXTA. На него се гледа како Вучиќ по учеството на веселбите во еден момент молчи и замислено гледа пред него. Ненадејната промена на изразот на лицето не остана незабележана од корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнаа да го споделуваат видеото со бројни хумористични коментари. NEXTA се пошегува дека поранешниот српски претседател изгледа како само да се сетил на изборните резултати. Kad mi u vrtiću kažu popara za doručak. — karapandza 🤗 (@karapandza) November 6, 2026 „Филмот на Кустурица“, „Мамо, дојди земи ме“... Видеото набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина конкретно се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ во разиграната атмосфера. „Филмот на Кустурица“, кратко коментираше еден корисник, а друг напиша: „Кога ќе ми кажат да појадувам попара во градинка“. Некои ја споредија сцената со текстот на песната: „Насекаде околу мене, луѓе, жени... и јас сум како пуст остров“, додека еден корисник едноставно рече: „Мамо, дојди земи ме“. Ovaj čovek kao lik koji nakon raskida kači storije u kojima pokazuje da je baš dobro sve to podneo i da iako su zajednički prijatelji na njenoj strani ima bre on ekipu da se provede u gradu. https://t.co/EJHnJZ3WpY — Mirjana Narandžić (@remy_stormborn) November 7, 2026 Споредбата со личност која се обидува да покаже колку се забавува на социјалните мрежи по раскинувањето стана особено широко распространета. „Овој човек како лик кој објавува приказни по раскинувањето покажувајќи дека сето тоа одлично го сфатил и дека, иако заедничките пријатели се на нејзина страна, тој има и тим со кој може да поминува време во градот“, стои во еден од коментарите. Меѓу реакциите имаше и кратка порака: „Еден човек никогаш немал среќа“.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook