АвтомобилизамСите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважноНовиот „Renault Scenic E-Tech“ нуди 642 км автономија и побрзо полнење.„Renault“ претстави подобрувања за „Scenic E-Tech“, три години по премиерата на овој електричен кросовер. Моделот сега добива нова „LFP“ батерија, побрзо полнење, понапредни безбедносни системи и интеграција на технологијата „Google Gemini AI“. Надворешните промени се скромни. „Scenic“ добива нови црни детали на браниците, 19 и 20-инчни тркала и две нови бои – „Satin Blue Slate“ и „Exo Galaxy Grey“. Поголеми промени во дизајнот, вклучувајќи можна нова решетка инспирирана од моделот „Megane“, се очекуваат подоцна. Во кабината, најголемата новина е интеграцијата на „Google Gemini AI“ во мултимедијалниот систем „openR link“, како замена за „Google Assistant“. „Renault“, исто така, обезбедува 2 GB мобилни податоци месечно во текот на три години со автомобилот. Безбедносната опрема е исто така подобрена. Нова камера го следи заморот на возачот и овозможува негово препознавање, додека системите за помош при возењето носат попрецизно следење на околниот сообраќај, подобро одржување на лентата, автоматско сопирање во случај возачот да не реагира и понапредна предикативна функција за еко-возење. Подолг дострел и побрзо полнење Најважните промени се скриени под каросеријата. „Scenic E-Tech Comfort Range“ сега користи „LFP“ батерија од 67 kWh, што овозможува до 467 km според „WLTP“ стандардот. Тоа е 37 km повеќе од претходно. Поддржано е брзо полнење со моќност до 165 kW, така што батеријата може да се наполни од 15 до 80 проценти за само 24 минути. Поголемата „NMC“ батерија од 89 kWh, достапна во верзијата со долг дострел, сега овозможува до 642 km дострел, или 17 km повеќе од претходно. Полнењето од 15 до 80 проценти трае 28 минути со полнач со моќност до 150 kW. И двете верзии користат преден електричен мотор со моќност од околу 220 КС. „Renault Scenic E-Tech“ продолжува да се произведува во фабриката „ElectriCity“ во Франција, додека електричните мотори се испорачуваат и од француска фабрика лоцирана во Нормандија. Извор: Б92Тагови: Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter