Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
1Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
ЕвропаСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пикСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во привременото суспендирање на собирањето биометриски податоци на оптоварените гранични премини во пикот на летниот период, велат од Европската комисија. Сепак, засега нема дефинитивен одговор дали оваа флексибилност ќе продолжи и после септември. -Сегашните правила веќе вклучуваат некои вградени флексибилности и резервни процедури, за решавање на исклучителни ситуации. Значи, ова вклучува можност во некои случаи привремено да се суспендира регистрацијата на биометриски податоци во случај на, повторно, исклучителни околности во текот на летото. Значи, сега сме во близок и конструктивен контакт со тие земји-членки, оние кои можеби исто така се осврнале на некои загрижености, за да видиме каде се предизвиците на одредени гранични премини,- -Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија . Во меѓувреме, во екот на летните одмори, официјалната статистичка канцеларија на Европската Унија – Евростат објави извештај за 2025та година со процентот на граѓани во ЕУ земјите кои не можат да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор надвор од дома. На врвот на листата се Романија со дури 61,4% на жители а по неа следат жителите на популарната туристичка дестинација - Грција со 46,6 %, додека третото место го делат граѓаните на соседна Бугарија но и Унгарија со 39,1% од нивните жители. Најмал процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор се бележи во Луксембург со 10,6 проценти. Последните статистики на Евростат на оваа тема за Македонија се од 2024та кога 48% од македонски граѓани биле во неможност да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Сепак, во последните 10 години овој процент бележи континуиран пад, односно во 2016та тој изнесувал 65,3% од жителите на државава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПетнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки. Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаТошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилствоДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес. Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост. Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција. Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
СветТрамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одржува добри односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со Владимир Зеленски, и покрај тековниот конфликт во Украина.-Во добри односи сум и со двајцата. Во добри односи сум со претседателот Путин. Во добри односи сум со претседателот Зеленски - рече Трамп за време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба. Тој истакна дека му рекол на Зеленски оти сака војната да заврши. Би сакал тој да ја заврши војната... Му реков: ;Сакам оваа војна да заврши; им изјави Трамп на новинарите. Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа во вторникот вечерта, а средбата се одржа зад затворени врати. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп наводно се согласил да му додели на Киев дозволи за производство на пресретнувачки ракети за противвоздушните ракетни системи Патриот. Самиот Трамп, без да наведе детали, рече дека разговорите со Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале многу добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00