Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата
2Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата
КултураСирма Војвода, Шатев, Гологанов, Илиева, Проески... се на списокот за државно одбележување во 2026Дури 95 историски настани или личности годинава ќе добијат шанса за државно одбележување на нивните јубилеи. Предлог-програмата за годишнини на значајни настани и личности во 2026 година денеска е пред собраниската Комисијата за култура и туризам. Јубилеи од историјата Меѓу најстари настани и личности што ќе се одбележуваат се 250 години од раѓањето на Сирма Војвода, 180 години од смртта на Теодосиј Гологанов, 150 години од Разловечкото востание и 120 години од смртта на Даме Груев. Главни носители на овие јубилеи се Институтот за национална историја и Музејот на македонската борба за самостојност. Крсте Петков Мисирков Чествувањето на македонскиот јазик ќе биде направено со одбележување на 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков кое треба да го направи МАНУ заедно со Институтите за македонски јазик и за национална историја. Павел Шатев Панко Брашнаров Освен што ќе одбележува 75 од своето постоење, Државниот архив ќе треба да одбележи и 75 години од смртта на Павел Шатев и Панко Брашнаров. Доста Димовска Ќе се одбележува личност и од поновата македонска историја – 15 години од смртта на Доста Димовска, влијателна македонска политичарка, пратеник и министер во првите години од самостојноста на Македонија и 70 години од раѓањето на загинатиот претседател Борис Трајковски. Борис Трајковски Мултиетнички карактер Од културата, пак, ќе се одбележува 60 годишен јубилеј од првиот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, потоа 40 години од смртта на Ристо Шишков, но и 20 години од смртта на Петре М. Андреевски. Ристо Шишков Петре М.Андреевски Програмата има и мултиетнички карактер. Ќе се одбележува и 90 години од раѓањето на Ферид Мурат, светски познат лекар со албанско потекло од Македонија, кој беше дел од тимот научници што ја споделија Нобеловата награда за медицина во 1988 година и 15 години од смртта на Аслан Селмани, професор од ПМФ. Ќе се одбележуваат и 50 години од основањето на Катедрата за турски јазик. Ферид Мурат Аслан Селмани 100 години Зоолошка градина Меѓу поинтересните јубилеи се и 100 години од Природно-научниот музеј и Зоолошката градина во Скопје, кои во времето на нивното отворање како институции биле реткост не само на Балканот, туку воопшто во светот. Доајените на македонската народна музика Никола Бадев и Васка Илиева исто ќе добијат државно одбележување од „Танец“ на годишнините од нивната смрт. Никола Бадев Васка Илиева Од естрадата, општина Струмица ќе одбележува 5 години од смртта на Гоце Арнаудов, Крушево – 15 години од отворањето на Спомен куќата на Тоше Проески, а град Скопје 50 години од основањето на рок-џез групата „Леб и сол“ и 10 години од смртта на Есма Реџепова. Гоце Арнаудов Спомен куќата на Тоше Проески Леб и сол Есма Реџепова Одбележување на државните празници Годишнините согласно предлог-одлуката, надлежните институции треба да ги одбележуваат со свечени седници, академии, споменично одбележување, монографии, образовни активности, трибини, изложби.... Парите за државното одбележување се обезбедуваат од државниот буџет, од сметката на Министерството за култура или пак, одбележувањето го прават општините тогаш од нивните локални буџети. Покрај овие настани, редовно државно одбележување, кое заеднички треба да го организираат Претседателката, Собранието и Владата се и државните празници: - 24 Maj, „Св. Кирил и Методиј“ - Ден на сесловенските просветители,- 2 Август - Ден на Републиката, - 8 Септември - Ден на независноста, - 11 Октомври - Ден на народното востание, - 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба и - 8 Декември - „Св. Климент Охридски“. Годишната програма за државно одбележување на значајни личности и настани се изготвува секоја година од ресорната Комисија за култура, по спроведен повик до државни органи, научни институции, единиците на локална самоуправа, здруженија на граѓани и институции во државата, по што ја прави селекцијата. Оваа годишна програма е втора по обем, по ланската програма која содржеше над 100 јубилеи со цел да се надоместат некои јубилеи што изминатите години не добија државно одбележување. Имено, ваква програма, иако е законска обврска, Собранието не носеше цели шест години. Тогашната опозиција реагираше дека власта на СДСМ и ДУИ одбегнуваат носење на ваква програма поради јубилеите од Илинденскиот период на кои негодуваа бугарските власти, но и поради притисокот на албанскиот партнер во Владата голем дел од оваа програма да припадне на контрадикторни личности од албанската историја и култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНа вработените во „Танјуг“ и „К1“ им било кажано да не доаѓаат денеска на работа Две телевизиски станици блиски до владата во заминување во Србија им кажаа на сите свои вработени да останат дома денес – наводно од страв од закани, потврди „Време“.Телевизиските станици К1 и Танјуг нема да имаат програма во живо овој вторник (27 октомври) и наместо тоа ќе прикажуваат репризи, објави Време. Како што неофицијално е потврдено за „Време“, тие го прават тоа поради „силните закани“ што ги добиваат преку е-пошта или социјалните медиуми. Наводно, властите се плашеле од гневни граѓани што ќе упаднат во редакциите. „Ова се само превентивни мерки“, вели едно лице од Танјуг. „Ќе го видите тоа утре, бидејќи планираме да продолжиме со програмата како и обично“. Директорката без коментар К1 и Танјуг се дел од медиумската империја на пејачот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ. Официјално под компанијата Минакорд Медиа, овие и некои други телевизиски станици всушност се финансираат со пари од државната Телеком. Јасмина Бојовиќ, директорката на Минакорд Медиа, одби да коментира за прекинот на програмата во живо за „Време“. „Ние не коментираме ништо“, рече таа кратко и ја спушти слушалката. Актуелната директорка на јавниот сервис, Мања Грчиќ, која претходно беше директорка на Минакорд Медиа, исто така доаѓа од овој универзум. Од каде доаѓаат парите Грчиќ влезе во овој бизнис со Жељко Јоксимовиќ на креативен начин во 2019 година. Танјуг им беше даден на „закуп“ за десет години за 628.000 евра, а малата телевизиска империја беше создадена со банкарски кредит од 2,4 милиони евра. Како залог, тие заложија три договори што им беа однапред обезбедени од државниот Телеком, кој им плаќа за „дистрибуција на програма“. Така, парите за „бизнисот“ доаѓаат од длабоките каси на Телеком - како и за други телевизиски станици кои ги фаворизираат властите, од Информер до Евроњуз - без оглед на гледаноста, која понекогаш се мери во промили. Во понеделник, гневни граѓани упаднаа во Информер ТВ во Вождовац и привремено ја прекинаа програмата. Претставниците на Студентската листа повикаа на смиреност и никој да не посегнува по насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации.Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации, на средба со граѓани. Ова не е партиски собир, значи ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и се едноставно исплашени за најавата дека овде ќе се отвори рудникот во општина Босилово поточно во местото Штука односно Иловица - рудник за којшто концесиите се даваа, се одземаа итн. Меѓутоа еве сега оваа власт покажува сериозни намери да овој рудник тука се отвори. Сакам да го образложам прво целокупниот овој процес.Имено сега во овој период има предлог да се донесе нов просторен план за територија на цела држава и за тој просторен план којшто се носи од Министерството на животна средина има јавни дебати. За прв пат тука, во Крива Паланка меѓутоа и на Кожув во близина на Гевгелија се маркирани рудници.Тоа значи дека оваа власт има намера овие рудници коишто се маркирани во новиот просторен план, којшто е прв чекор во процесот формален и официјален на отворањето и ставањето функција на рудниците тоа да се случи. И затоа сакам да упатам јасна и недвосмислена порака - нема да дозволиме оваа власт на Христијан Мицковски во состојба и ситуација кога се притиснати од сите страни и немаат пари за ништо, затоа што целокупните неколку минати буџети од овие повеќе од две и пол години колку се на власт ги потрошија на партиски тендери, сега да ја распродаваат македонската земја за нивни бизнис интереси. Сакам да имам упатам јасна и недвосмислена порака дека рудник овде нема да има и дека тоа ние ќе го гарантираме, прво како пратеници, а второ и како граѓани на оваа држава, затоа што никој нема право да ја распродава македонската земја за сопствени бизнис интереси. Нема да дозволиме да поминат формалните процеси затоа што ќе бидеме експлицитно против, со аргументи, на крајот на краиштата ќе формираме и жив ѕид - овде рудник нема да нема да има, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБолсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД Сенаторот од крајната десница Флавио Болсонаро наводно го напуштил Бразил за САД, откако загуби од левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во недела.Според новинскиот портал „Метрополс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на политичарот, Болсонаро бил на пат кон САД. „Авионот е во лет“, објави порталот, без да прецизира од каде полетал авионот. Сојузниците на Болсонаро му рекле на „Метрополс“ дека тој треба да слета во Флорида во вторник попладне и дека планира да побара политички азил. „Администрацијата на Трамп е информирана“, се додава во извештајот. Неговите сојузници потврдија за весникот „Фолха де С. Паоло“ дека тој е на пат кон САД, велејќи дека планот за неговото заминување бил „организиран и олеснет од адвокат близок до семејството Болсонаро“. Brazilian Senator Flavio Bolsonaro left the country for the US after losing the presidential election and refusing to comply with a Supreme Court order to hand over his passports, two sources said https://t.co/KDVPnBl7YO — Reuters (@Reuters) October 27, 2026 CNN Brasil објави дека Болсонаро избегал во САД рано во вторник со сопругата и двете ќерки. Болсонаро не е виден од понеделник и го пропуштил рокот во 11 часот наутро во вторник за да го предаде пасошот на федералната полиција. Тоа ги поттикна шпекулациите дека тој избегал од Бразил по поразот на изборите во недела. Според бразилскиот весник „О Глобо“, за време на состанокот со пријатели и адвокати во понеделник, поразениот кандидат изгледал „опседнат“ и јасно ставил до знаење дека се плаши од апсење. Судија на Врховниот суд му го одзеде пасошот на Болсонаро неколку минути по објавувањето на резултатите од изборите, како дел од случајот против сенаторот. Тој имаше рок до 11 часот наутро да го предаде документот на федералната полиција, но не се појави.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter