Сириза го потсетија Мицотакис за не ратификуваните меморандуми од Преспанскиот договор - Канал 5

Сириза го потсетија Мицотакис за не ратификуваните меморандуми од Преспанскиот договор

Грчкиот парламент да ги ратификува трите меморандуми со Македонија, бара пратеничката Рени Дуру од опозициската Сириза. 

Сириза го потсетија Мицотакис за не ратификуваните меморандуми од Преспанскиот договор

Преку две прашања објавени на партискиот сајт, Дуру бара од актуелниот минситер за надворешни работи Јоргос Герапетрис, да даде одговор каде е застојот во ратификацијата на меморандумите, но и дали грчката влада го следи спроведувањето на Преспанскиот договор во земјава, како и дали властите во Атина ќе преземат мерки доколку тоа не е така, имајќи предвид дека како што наведува е дел од критериумите за македонските евроинтеграции. Според неа, застојот во целиот процес ја отвора вратата за надворешни влијанија во Македонија.

-Резултатот од сето ова, во комбинација со 4 години не свикувањето на Советот за соработка на високо ниво, како што е предвидено со Договорот од Преспа, и непотпишувањето нови билатерални договори, остава простор за непочитување на Договорот и поткопување на одбранбената, дипломатската и економската соработка со С. Македонија, со што се зголемува просторот за зајакнување на улогата на трети сили на нашите северни граници. - Ренa Дуру – Пратеничка од Сириза.

Трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетрис пак, пред две недели, покрај за личните документи, даде одговор и за меморандумите кои Грција не ги спроведува. Во таа прилика тој наведе дека за ратификација било неопходно земјава доследно да ги почитува одредбите од Договорот.

-Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Што се однесува до Меморандумите за разбирање, разбирате дека нивната ратификација од грчкиот парламент всушност зависи од верното почитување на одредбите од Договорот од Преспа. Ние ќе останеме во овој Договор строго следејќи го неговото верно почитување.- - Јоргос Герапетрис – Министер за надворешни работи на Грција (31.01.2024).

Покрај меморандумите, грчката страна досега ги нема променето ниту патните табли кои водат кон земјава, каде се уште стои референцата БЈРМ или Скопје, иако според челн 14 став 5 од Договрот страни се обврзани да се придржуваат кон меѓународните правила и регулативи во однос на транзитот, телекмуникациите, знаците и кодовите..... Објаснувањето на грчките власти изминатите пет години е дека тоа е под надлежност на локалните власти. Преспанскиот договор стапи на сила на денешен ден пред пет години, кога експресно беа променети таблите на граничните премини, како и сите ознаките на веб страните на владата и собранието, а потоа следуваа и промени во имињата на јавните институции, спомениците, а на повеќе локации беше отстранет и симболот од Кутлеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)

Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина.

Путин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)

Двајцата лидери се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF).

Речиси 35 сантиметри разлика

Даниел Чапо, според медиумските извештаи, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата е речиси 35 сантиметри, што е особено впечатливо на заедничките фотографии.

На фотографијата, Чапо стои до Путин и, поради неговата висина, значително се извишува над рускиот претседател, па токму оваа сцена го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Шеги на X

Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на Путин, а имаше и неколку добри шеги.

„Гуливеровите патувања во Москва“ и „Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури носи и штикли“, напишаа корисниците на X.

„Џуџе“ и „Џуџе во високи потпетици“, се некои од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја освои наградата за најдобрата Златна топка во историјата - BOAT, како што одлучи гласањето на навивачите на веб-страницата.

Роналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор

По гласањето за најдобар играч во светот за 2026 година, каде што наградата ја освои Хари Кејн, играч на Баерн Минхен и капитен на репрезентацијата на Англија, беше доделена наградата за најдобрата „Златна топка“ во историјата.

Тука се избрани сите добитници на Златната топка откако е доделена оваа најважна индивидуална награда.

Роналдо ја освои Златната топка вкупно пет пати, а онаа ја освои во 2008 година, кога играше за Манчестер Јунајтед, со кого ја освои Лигата на шампионите таа година и имаше неверојатна сезона, по што се пресели во Реал Мадрид во најголемиот трансфер на сите времиња во тоа време, првиот што надмина 100.000.000 евра.

Второто место го освои Лионел Меси со Златната топка во 2012 година.

Колку се доминантни Роналдо и Меси над другите фудбалери во историјата, покажува фактот дека секој од нив ги освоил првите 12 места, секој за различна сезона.

Првиот фудбалер и добитник на Златната топка што се нашол на листата, а не е Роналдо или Меси, е Роналдо Назарио, кој е на 13-то место за 2002 година. Потоа тука се Кевин Киган во 1979 година, Јохан Кројф во 1974 година, Мишел Платини во 1984 година, Франц Бекенбауер во 1976 година...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале

Драма утрово во центарот на Виена! 

Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале

Банда вандали провали во позната луксузна златарница на улицата Грабен. Во раните утрински часови, сторителите удрија со теренец „Лексус“ во излогот на продавницата и насилно влегоа внатре.

Излогот беше целосно уништен во бруталниот напад

Сторителите потоа украдоа накит. Вредноста на украдените предмети сè уште не е позната. Сепак, станува збор за една од најскапите златарници во Виена, каде што ѓерданите вредни до 175.000 евра не се невообичаени, пишува весникот „Хојте“.

Местото на злосторството беше целосно уништено. Тешко оштетениот теренец остана заглавен во скршениот излог на златарницата по провалата. Полицијата пристигна во голем број, го блокираше просторот и го обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек.

Сè уште не е познато колку сторители учествувале во спектакуларната провала, ниту во кој правец избегале со пленот.

Информации за висината на материјалната штета исто така сè уште не се достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер