Сириецот кој со нож уби три луѓе во Германија, требало да биде депортиран во Бугарија (ВИДЕО) - Канал 5

Сириецот кој со нож уби три луѓе во Германија, требало да биде депортиран во Бугарија (ВИДЕО)

Осомничениот за нападот со нож во градот Солинген во западна Германија, во кој во петокот вечерта загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија денеска властите.

Сириецот кој со нож уби три луѓе во Германија, требало да биде депортиран во Бугарија (ВИДЕО)

Уапсениот требало да биде депортиран во Бугарија минатата година, откако му било одбиено барањето за азил, потврдија за германската новинска агенција Dpa. Требало да биде однесен во Бугарија како земја преку која влегол во Европската унија.

Билд пишува дека уапсениот Сириец е однесен пред Федералниот суд во Карлсруе. Специјалната полиција напладне пристигнала во Солинген да го преземе, а полициски хеликоптер го прелетал градот.

Сите повредени во нападот повеќе не се во животна опасност, соопштија од болницата.

„Сите четворица пациенти кои сè уште се лекуваат, се стабилни“, изјави за Велт директорот на болницата во Солинген, Томас Стандл.

YouTube video

Централниот совет на Евреите во Германија излезе со соопштение во кое се наведува дека треба посериозно да се сфатат опасностите кои произлегуваат од исламизмот.

„Исламистичката идеологија сака да го уништи нашиот начин на живот. Случувањата во последните неколку месеци во Германија и низ Европа се алармантни“, вели претседателот Јозеф Шустер.

„Исламизмот е вистинска закана за нашите отворени општества. Мораме сериозно да ја сфатиме оваа закана“, рече тој.

„Суровиот напад во Солинген нѐ шокираше сите. Тој беше насочен кон суштината на нашето општество. Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите“, рече Шустер.

Местото на злосторството во центарот на Солинген останува затворено, два дена по нападот со нож. Поставени се бариери, а на местото има неколку полициски автомобили, јавува Шпигел.

Граѓаните во близина на местото на нападот оставаат цвеќе и палат свеќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата.

Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот.

Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер