3Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците
3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
СветСирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО Сирени се огласија рано утринава во воздухопловната база Инџирлик, која ја користи НАТО, во покраината Адана во југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија.Агенцијата не го прецизираше времето на инцидентот и не беа објавени други детали. Според други турски медиуми, сирените се огласија во Адана околу 3:25 часот утрово и траеја пет минути. Another video showing what appears to be a ballistic missile, likely launched by Iran, in the sky tonight over NATO’s Incirlik Air Base, located near Adana, Turkey. pic.twitter.com/Tyb79Rg99Q — OSINTdefender (@sentdefender) March 13, 2026 Американските сили се стационирани во воздухопловната база Инџирлик како дел од мисијата на НАТО. Од почетокот на конфликтот во Блискиот Исток во турскиот воздушен простор се уништени две ракети. Конфликтот започна на 28 февруари со воздушни напади на САД и Израел врз Иран.Тагови: НАТО турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшкоПродолжува борбата со пожарите низ државата.Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозницитеРешението за македонските превозници е веќе на повидок.Решението за македонските превозници е веќе на повидок а тоа се билатералните договори со земји членки на Европската унија кои ќе им издаваат долгорочни визи, вели министерот за транспорт Александар Николоски за проблемот со престојот на професионалните возачи на кои им се потребни повеќе од 90 дена во 180 дневен период во Шенген зоната. Според Николоски, состанокот кој вчера се оддржа во Брисел меѓу Комисијата и претставниците на превозниците од Западен Балкан, го потврдил ова решение како единствено. -Решението на ова прашање е во две насоки – Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека единственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме и тоа е единственото можно решение. // Решението веќе го имаме на повидок имајќи в предвид дека со неколку држави вакви долгорочни визи веќе се издаваат и ги користат нашите превозници. - Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт Иако остануваме отворени за разговор за тоа што може да се направи во рамките на нашите правила, мора да биде јасно дека правилата на Шенген и понатаму ќе се применуваат – изјави вчера портпаролот на Европската комисија во врска со состанокот со превозниците. -Тука се применуваат и национални правила и постоечки билатерални договори, па затоа постојат можности за изнаоѓање прагматични решенија во рамките на тековните правила на Шенген, на пример, преку поднесување барања за долгорочни визи и дозволи за престој, или, во одредени ограничени случаи, преку третирање на возачите како прекугранични работници. Сепак, истовремено е важно да се нагласи дека системот за влез/излез не воведува никакви нови правила, ниту нови барања во однос на времетраењето на краткорочните престои во Шенген-зоната. Тоа останува непроменето.- Маркус Ламерт, портпарол на Европска комисија Со предупредувачки протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје овој понеделник, превозниците најавија и можна блокада на границите доколку нивниот проблем, како што велат, не се реши во целост, а клучното во нивното барање е наместо во денови престојот да им се брои во часови. Од Макамтранс денеска не беа достапни за коментар, дали планираат да ги блокираат границите и по оддржаниот состанок во Брисел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter