СИПРИ: Нуклеарното вооружување напредува додека светот тоне сѐ подлабоко во војна

Како што растат глобалните геополитички тензии, нуклеарните сили ги модернизираат своите арсенали, наведуваат истражувачите на СИПРИ, повикувајќи ги светските лидери „да размислат повторно“.

-Нуклеарното оружје од Студената војна немало толку важна улога во меѓународните односи, рече Вилфред Ван, директор на Програмата за оружје за масовно уништување во Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Деветте држави со нуклеарно оружје, Русија, САД, Франција, Индија, Кина, Израел, Велика Британија, Пакистан и Северна Кореја, го модернизираат својот нуклеарен арсенал, со неколку распоредени нови системи во 2023 година.

Во јануари, од околу 12.121 постоечки нуклеарни боеви глави во светот, приближно 9.585 беа достапни за потенцијална употреба. Околу 2.100 од нив биле држени на „висока оперативна готовност“ за балистички ракети. Речиси сите од нив се во арсеналот на Русија и САД, кои заедно поседуваат 90 проценти од светското нуклеарно оружје.

Сепак, за првпат СИПРИ предупредува дека Кина има „неколку боеви глави во состојба на зголемена оперативна готовност“, т.е. подготвени за употреба веднаш.

-Во моментов живееме во еден од најопасните периоди во човечката историја. Има многу извори на нестабилност: политички ривалства, економска нееднаквост и забрзана трка во вооружување. Одиме кон пропаст и време е големите сили да се повлечат и да размислат. По можност заедно, предупреди Ден Смит, директор на институтот.

Според него, „вкупниот број на нуклеарни боеви глави продолжува да се намалува со постепеното демонтирање на оружјето од времето на Студената војна од страна на нуклеарните сили, но наместо тоа, од година во година, има зголемување на бројот на оперативни нуклеарни боеви глави“. Додаде дека тој тренд ќе продолжи и „веројатно ќе се забрза“ во наредните години./МИА

Почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово одложено

Почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово одложено за септември.

Почетокот на повтореното судење на судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница во Тетово, денеска во Основниот суд Тетово беше одложено за 25 септември годинава поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија, општина Илинден

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. 

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено лед осветлување, обновена е на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно уредување на просторот. Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како нишалки и клацкалки.

Со обновувањето на игралиштето се создадени се услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Од Општина Илинден најавија дека ќе продолжат со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места.

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември. 

-Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

притисни ентер