Марко кој со години медиумите го поврзуваат со руската мафија исчезна од јавноста пред речиси 25 години.

Сега руски портал објави информација дека Марко Милошевиќ бил во врска со Ирина Баглаи, ќерката на поранешниот претседател на рускиот Уставен суд, Марат Баглај.
Се зборуваше дека тој сè уште сака луксузни и скапи автомобили.
Рускиот портал „Саговорник“ (sobesednik.ru) неодамна откри нови детали за животот на Марко Милошевиќ во Русија.
Според нивните сознанија, тој е државјанин на Руската Федерација најмалку од 2014 година, кога му бил издаден важечки руски пасош.
Страста кон скапите возила и мотори , по кој беше познат додека живееше во Србија, кога неговиот татко владееше со оваа земја, според руските портали се уште не го напуштила Марко , тој сега поседува два мотоцикли „Харли Дејвидсон“ и „Хонда ЦБР600Ф“, како и два автомобили „ауди А4“ и „мицубиши лансер“.
Според нивните сознанија, синот на Слободан Милошевиќ прво живеел во близина на метро станицата „Проспект Мира“, што според нив е доказ дека тој е во врска со Ирина Баглај.
Имено, во тој период тој стан бил на Ирина, која поседува и недвижен имот во елитна викенд-населба, каде што бил регистриран Марко.
Врската на Милошевиќ со Ирина ја потврдуваат и податоците за паркирањето во главниот град: тој со мобилниот телефон плаќал паркинг за „ауди кју5“ (кросовер) во сопственост на Ирина Баглај, објави „Саговорник“.
Според достапните информации, Ирина Баглај поседува и 25 декари земјиште на Рубљовка - во туристичкото место Иљинское.
Покрај тоа, таа има стан од 92 метри квадратни во куќа на улицата Долгаруковскаја во Москва. Своевремено Марко Милошевиќ беше косопственик на Polar doo. Од 2015 година до крајот на 2019 година, тој имаше 50 отсто удел во оваа компанија.