Синот на норвешката принцеза е притворен поради напад на девојка - Канал 5

Синот на норвешката принцеза е притворен поради напад на девојка

Фотографија од синот на норвешката принцеза Мете-Марит, Мариус Борг Хоиби,се шири на социјалните мрежи.

Синот на норвешката принцеза е притворен поради напад на девојка

Мариус Борг Хоиби завршил во притвор на почетокот на август, откако наводно бил пријавен од 20-годишна девојка која тврди дека Мариус „ја нападнал психички и физички“ и дека била хоспитализирана поради потрес на мозокот.

На фотографијата Мариус позира со пиштол и пијалок во рацете, гол до половината, а во панталоните ставил пари.

За потсетување, 27-годишниот Мариус е син на Мете-Марит од првиот брак, а идниот крал, принцот Хакон, е негов очув. Тој завршил во притвор откако некој пријавил насилно однесување во ноќните часови во стан во Осло, а следниот ден бил пуштен од притворот.

Откако норвешките медиуми ја објавија веста за инцидентот, се огласи една од неговите поранешни девојки, поранешната манекенка на Плејбој, Џулијан Снекештад. Таа изјавила дека и психички и физички ја малтретирал додека биле во врска.

„И да одговорам на вашите сомнежи: да. И претходно бев изложена на неговото ментално и физичко насилство. Менталното насилство беше најбрутално за мене. Не го споделувам ова затоа што сакам сожалување или фокусот да се префрли на мене. .. Тоа веќе се случуваше и тој сега мора да биде запрен“, напиша таа на Инстаграм.

Преку својот адвокат, Маркус објави изјава во која ја призна вината и ѝ се извини на девојката. Тој изјавил дека тогаш бил во алкохолизирана и издрогиран состојба и објаснил дека се борел со зависност и дека „има неколку психички нарушувања“.

„Минатиот викенд се случи нешто што не требаше да се случи. Извршив телесна повреда и уништување предмети во станот во алкохолизирана состојба по расправија и кокаин. Имам неколку психички нарушувања, што значи дека во текот на моето растење и возрасен живот имав и сè уште имам големи предизвици. Долго време се борев со злоупотреба на супстанции, поради што бев на третман во минатото и ќе продолжам со овој третман многу сериозно“, рече тој и додаде дека сака да одговара за тоа што го направил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото.

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Европската иднина на Македонија, реформите и условите за продолжување на пристапниот процес беа во фокусот на заедничката прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Двајцата испратија пораки за потребата од забрзување на евроинтеграциите, но и за исполнување на обврските што стојат пред државата.

Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Изминатиот период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање подобри услови за живот на граѓани. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите.

Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно.

Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани.

Граѓаните со години покажуваат јасна определба за европската идеја. Во тој период беа донесени тешки одлуки, беа преземени сериозни обврски и беа направени значајни чекори со уверување дека секој исполнет критериум ќе биде вреднуван на објективен и предвидлив начин. Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати.

Нашата определба останува непроменета. Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и затоа што европските вредности ги разбираме како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите.

Истовремено, остануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна, предвидлива европска перспектива.

Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и за натамошно зајакнување на партнерството со Европската Унија, засновано врз доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за здравство: Лекот Фостер повторно ќе биде достапен за пациентите во најскоро време

Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен

Министерство за здравство: Лекот Фостер повторно ќе биде достапен за пациентите во најскоро време

Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време. –Велат од министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион со пет лица исчезна во близина на Карачи во Пакистан

Интензивна потрага е во тек по товарен авион што исчезна од радарите во близина на пакистанскиот град Карачи, додека судбината на петчлениот екипаж сè уште е непозната.

Авион со пет лица исчезна во близина на Карачи во Пакистан

Спасувачките служби ги пребаруваат водите на Арапското море во обид да пронајдат траги од леталото. Според пакистанската Управа за цивилно воздухопловство, контактот со авионот бил изгубен синоќа, по што веднаш била започната обемна спасувачка операција.

Засега не се познати причините за исчезнувањето, а истрагата е во тек. Станува збор за товарен авион „Боинг 737“,кој извршувал редовен лет од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати кон Карачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер